Чоколадни срца

Сподели

Десерт со кој ќе ги изненадите вашите пријатели се токму овие вкусни колачиња во форма на срце. Задоволството да биде уште поголемо, тие се прелиени со чоколадо и наполнети со џем од вишни. А кој може да му одолее на вкусното чоколадо и слатките вишни?

Реклама

rn

Потребни состојки за тестото:

rn

    rn011

  • 2 јајца
  • rn011

  • 4 големи лажици шеќер
  • rn011

  • 6 големи лажици млеко
  • rn011

  • 6 големи лажици масло за јадење
  • rn011

  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • rn011

  • ½ пакетче прашок за печиво
  • rn011

  • 10 големи лажици брашно
  • rn011

  • џем од вишни
  • rn

rn

Потребни состојки за глазурата:

rn

    rn011

  • 100 грама чоколадо
  • rn011

  • 2 големи лажици масло за јадење
  • rn011

  • 1 голема лажица млеко
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnВо длабок сад изматете ги со миксер јајцата и шеќерот. Потоа додадете ги сите состојки кои се потребни за тестото, освен џемот од вишни. Смесата добро измешајте ја и ставете ја во модли во форма на срце. Потребно е да ги печете неколку минути. Кога ќе се оладат, исечете ги срцата на 2 дела, премачкајте ги со џем и повторно залепете ги.

Време е да ја направите глазурата. Стопете го чоколадото, потоа додадете го маслото за јадење и млекото. Со направената глазура прелијте ги срцата.

При сервирањето можете да бидете креативни и да ги украсите срцата со шлаг и неколку вишни.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира