Внесете ја пролетта во вашата канцеларија

Внесете ја пролетта во вашата канцеларија

Автор: Бојана Мандевска

Надвор пукнало сонце, сè цвета и раззеленува, а вие заглавени во вашата канцеларија ги извршувате своите обврски. Сè би дале за една прошетка во парк, утринско кафе на некоја тераса од локалните кафулиња, ручек на отворено… Звучи супер, нели?! Но, знаеме дека обврските мора да се извршат, или како што вели една поговорка „што се мора не е тешко“.Внесете ја пролетта во вашата канцеларијаЗа полесно да ги извршувате своите работни обврски, а притоа да не се нервирате за тоа што не можете да уживате на сонцето, направете мало преуредување на вашето работно место и поканете ја пролетта во вашата канцеларија.

Во прилог ви предлагаме неколку начини на кои би можеле да го постигнете тоа:

1. Пред сè, отворете ги прозорците и дозволете му на свежиот воздух да влезе во просторијата, проветрете. Доста беше седењето во затворени простории. Можете да ставите и освежувач на воздух со пријатен и нежен мирис.Внесете ја пролетта во вашата канцеларија2. Потоа започнете со отстранување на сите непотребни работи од вашето биро. Ослободете се од сите хартивчиња, кутии, пенкала и сè останато што не го користите, а само зафаќа простор. Земете неколку кутии во боја и ставете дел од работите кои не ги употребувате во нив. Вас ќе ви бидат корисни, а ќе бидат убави за око.Внесете ја пролетта во вашата канцеларија3. Одберете слики во пролетен, весел амбиент и ставете ги на вашата десктоп позадина, или пак закачете слики на ѕидот од вашата канцеларија. Украсете ја плутената табла  за пораки со интересни забавни слики и мисли кои ќе ви измамат насмевка на лицето. Купете нови интересни  рамки за старите фотографии или пак ставете нова слика од вашите сакани да ви го красат бирото.Внесете ја пролетта во вашата канцеларија4. Ставете вазна со цвеќе. Одете на пазар или во цвеќара и купете букет свежо цвеќе или пак сезонско саксиско цвеќе.Внесете ја пролетта во вашата канцеларија5. Заменете ја старата шолја за кафе со нова што ќе се вклопи во пролетниот амбиент.Внесете ја пролетта во вашата канцеларијаСовет плус: доколку имате можност, сменете ја локацијата на вашето биро. Наместете го поблиску до прозорецот така што ќе бидете блиску до свежиот воздух или пак свртете го спроти прозорецот за да добивате повеќе светлина. Изборот е ваш!Внесете ја пролетта во вашата канцеларијаЗа да не ги занемарите вашите обврски поради чистење и средување, направете план. Во текот на денот одвојте неколку пати по 15 минути за да ја исчистите канцеларијата. На крајот на денот ќе имате чиста канцеларија и завршени работни задачи.

Кога ќе завршите со преуредувањето, поканете ги колегите на „гости“ и заедно направете мала кафе пауза и заедно уживајте во пролетната атмосфера на вашата канцеларија.Внесете ја пролетта во вашата канцеларија


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар