Астрологијата и неговиот стил на додворување
Секој маж има различен стил на флертување. Дознајте на кој начин тој ќе се обиде да го освои вашето срце, во зависност од хороскопскиот знак на кој припаѓа.
Овен: „Бонд. Џејмс Бонд.“
Бик: „Кај мене дома имам шише изладено шампањско, а имам чуено дека може да се расипе ако стои неотворено предолго време.“
Близнаци: „Сакаш да го измериме коефициентот на статична напнатост помеѓу нас двајца?“
Рак: „Чувствувам дека си одлична љубовница и тоа по малку ме плаши.“
Лав: „Веруваш во љубов на прв поглед или сакаш да те погледнам уште еднаш?“
Девица: „Ти не би требало да носиш облека на себе. Ја нарушува твојата совршеност.“
Вага: „Душо, поради твојата убавина, утринското Сонце изгледа побезизразно од Месечината.“
Скорпија: „После неколкугодишна терапија и разни тестирања, се обидувам да сфатам дали сум алергичен на секс или не.“
Стрелец: „Само да ти кажам дека јас носам чевли број 44.“
Јарец: „Здраво. Јас заработувам повеќе отколку што ти можеш да потрошиш.“
Водолија: „Ме фасцинираш повеќе и од Лајбницовата формулација за инфинитезимална пресметка.“
Риби: „Имаш задник како некоја холивудска ѕвезда.“
Прочитајте повеќе на оваа тема.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.