Зошто храната на рекламите изгледа многу повкусно отколку во живо?
Лак за коса, боја за кондури, тампони, сунѓери, лепило… не, ова не е список за пазарење туку некои од најчесто користените средства кои се користат за шминкање на храната, за таа да изгледа вкусно и привлечно на ТВ рекламите. Маркетинг експертите многу добро знаат како да ги привлечат корисниците за одреден производ.
Сигурно досега сте забележале некоја реклама на која хамбургерот од некој ресторан за брза храна изгледа фантастично, а откако ќе го купите сфаќате дека тоа не е ни приближно до вистината, ни по вкус, ни по изглед. Џенифер Јусток е шминкерка на храна која се снима за реклами. Нејзината задача е многу едноставна, бидејќи треба на каков било начин да направи храната да изгледа перфектно, без разлика како ќе го постигне тоа. Ова се десет трикови кои таа најчесто ги користи.
1. Лепило
Лепилото многу често се користи при снимањето на реклами за житарки. Имено, бидејќи млекото многу брзо ги растопува житните зрна во чинијата, децата на рекламите „јадат“ цереали потопени во бело лепило или понекогаш дури и во шампон.
2. Сунѓери, тампони, памук…
Во рекламите многу е важно храната да делува како да е само што извадена од рерната. За да се добие ефект како храната цело време да чури, многу умешно низ нејзе се кријат сунѓери, тампони или топчиња памук потопени во врела вода.
3. Летламба, метално стапче за жигосување и боја за чевли
Месните производи најчесто не се приготвуваат многу за да не се смали нивниот обем или пак да се исушат. Токму поради ова, печеното месо по рекламите се потпекува минимално со летламба, се жигосува со загреано метално стапче за да делува како да е печено на скара и се премачкува со боја за кондури за да изгледа неодоливо печено.
4. Картони и чепкалки за заби
Картоните се користат при снимањето на реклами за бургери, за да не се дозволи месото да го омекне лепчето. Затоа под и над месото се става по едно крукче картон. Чепкалките служат за зелената салата, доматот, краставичките и кормидот совршено да се фиксираат и да не се померуваат.
5. Моторно масло и течности за заштита на текстилни материјали
Американските телевизии често рекламираат палачинки прелиени со јаворов сируп. Но бидејќи во реалноста палачинките многу брзо го впиваат јаворовиот сируп, во рекламите тие се премачкуваат со разни течности за заштита на текстил, а јаворовиот сируп се заменува со моторно масло… Неодоливо!
6. Лак за коса и дезодоранс
Овие производи најчесто се користат кога се рекламира некое овошје, особено грозје бидејќи му даваат посебен мат финиш.
7. Хартиени крпи, хартија за раце…
За сладоледот на рекламите да изгледа што е можно повкусен, често врз него се истураат разни преливи. Но, бидејќи преливите често претекуваат, се фрлаат одозгора парченца од хартиени салвети, кои наводно прават чудо кога станува збор за задржување на преливот врз топките сладолед.
8. Храна која придонесува другата храна да изгледа неодоливо
Вистински хит во рекламите е пирето од компир, кое се инјектира во друг продукт, како што е на пример месото, за тоа да би изгледало посочно. Исто така, пирето се користи и како замена за сладолед, но се бои во боја соодветна за вкусот на сладоледот.
9. Таблети против жиговина и балони од сапуница
Овие препарати се најнормална работа при снимањето на реклами за газирани пијалаци, бидејќи им даваат освежителен изглед.
10. Пинцета
За хамбургерот да изгледа целосно привлечен, лепчето мора да биде совршено. Токму затоа, сусамот на горниот дел од лепчето многу внимателно со пинцета се лепи со помош на лепило.
За крај погледнете ја на дело работата на „стилистката“ Џенифер Јусток…
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Strashno