КАФЕ ПАУЗА

Незаборавни филмски реплики

Незаборавни филмски реплики

За да ни стане некој филм омилен, понекогаш е доволна само една реплика…rnrnНезаборавни филмски репликиrn

„Ај да ми бидеш живо и здраво детуле. Да пораснеш големо. На лице бело и црвено како тетовско јаболко, на снага-вита ела пиринска. Грло бисер да ти рони. Гласот да ти биде како на славејче…“ – Петре Прличко како Манданата во легендарниот „Мис Стон“

rn

„Куфер ко куфер, празан.“ – Мето Јовановски (Илко) во „Тетовирање“

rn

„Постојат три начини да се направи нешто: вистинскиот, погрешниот и начинот на кој јас го правам тоа.“ – Роберт де Ниро во улога на Сем во филмот „Казино“

rn

„Мајка ми секогаш велеше дека животот е како кутија со чоколатца. Никогаш не знаеш што ќе добиеш.“ – Том Хенкс (Форест Гамп) во филмот „Форест Гамп“

rn

„Чувај ги пријателите блиску до себе, а непријателите уште поблиску.“ – Ал Пачино (Мајкл Корлеоне) во „Кум 2“

rn

„Ќе му направам понуда, која нема да може да ја одбие.“ – Марлон Брандо (Дон Вито Корлеоне) во „Кум“

rn

rn

 „Потребна е голема храброст за да им се спротивставиш на непријателите, но уште поголема за да им се спротивставиш на пријателите.“ – Ричард Харис како Дамблдор во „Хари Потер“rnrn„Љубовта не може да се пронајде таму каде што не постои, ниту пак може да се сoкрие онаму каде што навистина ја има.“ – Дејвид Швимер (Макс Абит) во филмот „Бакнувајќи ја будалата“

rn

„Стравот те држи во заробеништво, надежта може да те ослободи.“ – од филмот „Бегство од Шошенк“

rn

„Ако си добар во нешто, никогаш не го прави тоа за џабе.“ – Хит Леџер како Џокерот во филмот „Бетмен: Црниот витез“

rn

„Животот е прекраток за да живееме два пати ист ден.“ – Џенифер Лопез (Шарлот) во „Свекрва-монструм“

rn

„Мене ми зборуваш?“ – Роберт де Ниро (Тревис) во „Таксист“rn

rn

rn

„Животот се движи многу брзо. Ако повремено не застанете и погледнете наоколу, може да го пропуштите.“ – Метју Бродерик како Ферис во филмот „Слободниот ден на Ферис Буелер“rnrn„За седум дена Господ го создал светот, јас за седум секунди го срушив својот.“ – Вил Смит (Бен Томас) во „Седум фунти“

rn

„И после сè, утре е нов ден“ – Вивиен Ли (Скарлет О`Хара) во филмот „Однесено од виорот“

rn

„Претпоставувам дека на крајот, почнуваме да размислуваме за почетокот.“ – Бред Пит (Mr. Smith) во филмот „Г-дин и Г-ѓа Смит“

rn

„Животот не е секогаш изгрејсонца и виножита. Тој е исто така и злобно и валкано место. Ќе ве победи и фрли на колена и таму ќе ве држи перманентно, ако тоа му го дозволите.“ – Силвестер Сталоне (Роки Балбоа) во филмот „Роки“

rn

„Моето име е Бонд. Џејмс Бонд.“ – најпознатата реплика од сите досегашни Џејмс Бонд филмовиrn

rn

rn

„Во животот нема ништо поголемо од малите нешта.“ – Том Круз (Дејвид) во „Небо од ванила“rnrn„Полесно е да го повлечете чкрапалото отколку да свирите гитара. Полесно е да уништите, отколку да креирате.“ – Антонио Бандерас (Ел Мариачи) во филмот „Десперадо“

rn

„Запомнете, она што се случува во Вегас, останува во Вегас. Освен херпесот. Тој се враќа со вас.“ – Џефри Тамбор (Сид Гарнер) во „Мамурлак“

rn

„Се обидуваш, не успеваш, се обидуваш, не успеваш… Но, единствениот вистински неуспех е тогаш кога ќе престанеш да се обидуваш.“ – Џенифер Тили (Лиота) во „Опседнатиот замок“

rn

„Хјустон, имаме проблем.“ – Том Хенкс како Џим Ловел во „Аполо 13“

rn

„Јас не сум лоша. Јас сум само така нацртана.“ – Џесика Ребит во полуанимираниот филм „Кој го намести зајакот Роџер“

rn

rn

„Кога легендата станува факт, испечати ја легендата.“ – Карлтон Јанг како Максвел Скот во филмот „Човекот кој го застрела Либерти Валанс“rnrn„Сите ние понекогаш по малку полудуваме.“ – Ентони Перкинс во улога на Норман Бејтс во филмот „Психо“

rn

„Кога првпат ве видов, мислев дека сте згоден. Потоа, се разбира, прозборевте.“ – Хелен Хант како Керол Конели во „Колку е добар, толку и ќе добие“

rn

„Најголемиот трик на ѓаволот е неговото убедување дека тој не постои.“ – Кевин Спејси како Роџер во филмот „Вообичаено осомничени“

rn

„Повеќето луѓе животот го гледаат само во црно-бело. Тие не сфаќаат дека постои сива област некаде на средината. Таму би требало да живееме ние.“ – Дејмон Вејнс како Китс во филмот „Отпорен на куршуми“

rn

„Гледам мртви луѓе.“ – шепотот на Хели Џоел Осмент, во улога на Кол во „Шесто сетило“

rn

rn

„Суетата е дефинитивно мојот омилен грев.“ – Ал Пачино (Џон Милтон) во „Адвокатот на ѓаволот“rnrn„Доверба е кога со некого се чувствуваш безбедно.“ – Мет Дејмон (Едвард Вилсон) во „Добриот Пастир“

rn

„Господа, не можете да се борите тука. Ова е воена соба.“ – Питер Селерс како претседателот Меркин Мафли во комедијата „Д-р Стрејнџлов“

rn

„Не постои место како дома.“ – Џуди Гарланд (Дороти) во „Волшебникот од Оз“

rn

„Искрено, драга, баш ми е гајле“ – Кларк Гејбл како Рет Батлер во „Однесено од виорот“

rn

„Скапоцено мое“ – Енди Серкис како Голам во филмот „Господарот на прстените: Двете кули“

rn

„Аста ла виста, бејби.“ – Арнолд Шварценегер во „Терминатор“

rn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.