КАФЕ ПАУЗА

10 знаци дека почнувате да се заљубувате

10 знаци дека почнувате да се заљубувате

Автор: Бојана МандевскаrnrnЗимата полека си заминува, а пролетта ни чука на порти. Пролет, време за промени. Од некоја непозната причина, ова е период од годината кога нашите тела како да се програмирани да се заљубат. Кога сите пупки цутат и природата околу нас се раззеленува, изгледа и нашето срце почнува побрзо да чука. Понекогаш самата помисла на доаѓањето на пролета и напуштањето на досадната зимска рутина, буди нови љубовни чувства кај нас. Почестите излегувања, прошетки се причини за почести дружби и нови познанства. Некое од новите познанства, може ќе бидат причина за разлетување на пеперутките во вашиот стомак, заљубување и среќно започнување нова љубовна врска.rnrn10 знаци дека почнувате да се заљубуватеrnrnАко почнаа да ве наросуваат романтични чувства, ова се 10-те симптоми по кои ќе познаете дали сте заљубени.rnrn

1. Прескокнување на оброците

rnМмм прекрасен начин за слабеење. Заборавањето на редовното внесување храна, не значи само дека сме расеани, туку и дека личноста на која не можеме да престанеме да мислиме, ја сакаме повеќе од храната. Може дополнителна причина за овој тип „гладување“, се пеперутките кои ни летаат низ утробата кога ќе помислиме на  љубениот/а, па се чувствуваме како храната воопшто да не ни е ни потребна.rnrn10 знаци дека почнувате да се заљубуватеrn

2. Се фаќате себеси како се смешкате без особена причина

rnКраткотрајното чувство на заљубеност може да предизвика значајни промени во вашиот организам. Љубовта, особено во првите денови, прави да се чувствуваме среќни, задоволни со сами себе, замечтаени во мислите и ни мами насмевка на лицето.rnrn10 знаци дека почнувате да се заљубуватеrn

3. Не можете да го/ја гледате во лице

rnОдненадеж не можете таа личноста да ја гледате во очи додека разговарате, бидејќи се плашите дека ако ве погледне, ќе ги открие вашите чувства. Додека зборувате, пробајте да го/ја гледате во челото или околу носот. Побезбедно е. :)rnrn

4. Мислите на него/неа додека наутро се облекувате

rnДодека се спремате за излегување, во главата ви се вртат многу мисли: дали би му/ѝ се допаднале во оваа кошула, дали бојата добро ви стои на тенот, дали да вложите повеќе напор од вообичаеното во средувањето на косата, дали да се нашминкате како секој ден или пак да ставите малку повеќе шминка… Тоа е уште еден од показателите на заљубеност. Дотерајте се, во ниеден случај тоа не е погрешно постапување.rnrn10 знаци дека почнувате да се заљубуватеrn

5. Ви недостига кога не е во ваша близина

rnНавикнати сте личноста која ви се допаѓа да ја гледате на одредено место на пример на работа, на предавања, во кафуле и доколку во одреден момент не е таму, почнувате да се чувствувате по малку разочарано и сте постојано во исчекување во секој момент да се појави од некаде.rnrn10 знаци дека почнувате да се заљубуватеrn

6. Станувате љубоморни за некои чудни работи

rnОдредени моменти и ситуации кои до пред извесно време не ги ни забележувавте, почнаа полека да ви пречат. Се фативте себеси како станавте љубоморни при помислата: „Каде е, со кого е, зошто не се појавува, зошто не се јави…?rnrn

7. Ја замислувате сликата на вашето дете

rnУпс! Во одреден момент се фативте себеси како размислувате за тоа какво би било вашето заедничко дете. Тоа значи дека вашите чувства се искрени и почнуваат полека, но сигурно да стануваат сѐ посериозни.rnrn10 знаци дека почнувате да се заљубуватеrn

8. Луѓето ве забележуваат дека блескате

rnПомислата на љубената личност ви измамува насмевка на лицето и задоволство. Необјаснивата среќа која блеска од вас, е доволно моќна да го привлече вниманието на луѓето околу вас кои забележуваат дека сјаете, изгледате физички подобро и посреќно.rnrn

9. Потешко се концентрирате на работата

rnПотребно ви е повеќе време од вообичаено, за да се концентрирате на задачата која треба да ја завршите. Поминувате половина час во психичка подготовка пред да почнете со работа, но и откако ќе почнете, вашите мечти и понатаму се насочени кон љубениот/а и тогаш сфаќате дека сте мноооогу заљубени.rnrn10 знаци дека почнувате да се заљубуватеrn

10. Одненадеж вашиот карактер се подобрува

rnБез разлика дали сте машко или женско, заљубеноста буди некои подзаспани интересни карактеристики кај вас. Одеднаш почнувате да вложувате во подобрување на вашите кулинарски способности, ја преуредувате вашата соба, им нудите колачиња на сите колеги на работа, правите и некои измени во својот изглед. Станувате попримерни и поуредни.rn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.