Хотелска соба декорирана со графити

Хотелска соба декорирана со графити

Додека повеќето од нас се навикнати да гледаат графити нацртани на напуштени згради или во метро станици, сопствениците на францускиот хотел „Au Vieux Panier“ лоциран во Марсеј, се одлучиле токму со овој вид уметност да декорираат една од хотелските соби.Хотелска соба декорирана со графитиФранцускиот графити-артист Тилт, кому му било дозволено да дизајнира една од собите, одлучил половина да ја остави бела, а другата половина да ја обои со графити. Ја нарекол „Панична соба“. Контрастот е толку силен, а изведбата толку прецизна и детаљна, што буквално изгледа како дизајнот да е отсечен од половина од собата со ножици.Хотелска соба декорирана со графитиИмено, сопствениците на хотелот секоја година им отстапуваат 6 соби на познати уметници и дизајнери, оставајќи ги целосно и слободно да се изразат, без никакво ограничување.

„Концептот е 6 соби за 6 уметници, а идејата е гостите да спијат во уметничко дело. Сите соби се менуваат секоја година. Оваа година ни е трета сезона. За да ги избереме артистите, објавуваме оглас, од кој потоа ги селектираме најнеобичните и најинтересни светови, изјавува Џесика, една од вработените во хотелот.

„Сакаме на уметниците да им овозможиме тридимензионален простор за работа, но од друга страна и да им овозможиме на гостите да ја видат уметноста на поинаков начин, влегувајќи во светот на артистот. Ние не наметнуваме теми, артистите имаат комплетна слобода да ја изразат својата креативност.“

Хотелска соба декорирана со графитиХотелска соба декорирана со графитиХотелска соба декорирана со графитиХотелска соба декорирана со графитиВо периодот додека се изработуваат новите дизајни на собите, хотелот се затвора и не работи околу еден месец. Работата на Тилт траела една недела, а за престој во неа треба да платите 136 евра.Хотелска соба декорирана со графитиХотелска соба декорирана со графитиХотелска соба декорирана со графитиХотелска соба декорирана со графитиХотелска соба декорирана со графитиХотелска соба декорирана со графитиОстанатите 5 соби имаат сосема поинаква тематика. Нив можете да ги погледнете на сајтот на хотелот, но се чини, оваа на Тилт им е омилена на многумина.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар