За момент исклучете се од светот околу вас, стопирајте го времето, земете здив и резервирајте си момент посветен исклучиво на себеси. Доволно трчавте за да ги исполните вашите обврски за денес, да ги задоволите очекувањата на сите, да им направите услуга на блиските и да ги средите сите работи кои тргнале наопаку. Ова е време резервирано само за вас, за работите кои ви годат и ве опуштаат, време посветено за нештата во кои вие уживате. Еве неколку начини како да си отстапите повеќе време за себе.
rn
Не бидете робови на перфекцијата
rnПостојаните грижи да ги доведеме работите до перфекција, можат да бидат навистина напорни и да ни донесат повеќе стрес и притисок отколку задоволство. Не мора креветот секој ден да ви е совршено наместен, ниту рамките на сликите совршено подредени, зашто еден ден ќе сфатите дека опседнатоста сѐ да доведете до совршенство, ви ги одзела скапоцените мигови за одмор и релаксација. Оставете некои работи да поминат несовршени и уживајте во дополнителните мигови посветени на самите вас.rn
Мигови за лично задоволство
rnОставете го вашиот мобилен да мирува, опуштете се со добар третман за лице или поминете повеќе време со најблиските и не дозволувајте да ве гризе совест. Тоа не е изгубено време, напротив, тоа се мигови за лично задоволство.
rn
Направете си распоред и почитувајте го
rnНаправете си мини распоред за работните денови, што и кога правите. Не мора да сте точни до минута, но ако имате определен распоред, функционирањето на вашето тело и ум, ќе го прилагодите на една секојдневна рутина. Тоа е добро бидејќи ќе имате одреден ритам на движење, ќе знаете за што колку време ви треба, па полесно ќе ги избалансирате обврските и паузите во денот.rn
Километарски разговори по телефон
rnОва е еден од оние моменти кога ви се јавува здодевната тетка, а вас ви се крева косата од глава. Не трпете непотребно долги телефонски разговори, културно дајте ѝ до знаење дека имате други обврски на кои морате да се посветите.
rn
Листа со работи кои ви одземаат најмногу време
rnНаправете листа со работите кои ви одземаат најмногу време, зошто денешниот ден не може да го вратите назад. Најдете начин како да ги скратите или сосема да ги отфрлите работите кои непотребно ви одземаат време.rn
Избегнете долги редици и чекање
rnНе мора да одите во маркет тогаш кога сите пазарат или во банка кога на пензионерите им стигнуваат пензиите, бидејќи така само ќе изгубите драгоцено време и нерви. Бидете ефикасни и планирајте ги работите и ќе бидете изненадени колку лесно можете да ги насочите работите во ваша корист и притоа да заштедите време.rn
Престанете да го правите она што не морате и не сакате
rnПоделете ги обврските на делови, не мора сѐ да завршите во еден ден. Така и работата ќе си ја направите поефикасна. Избегнете ги обврските кои не ви се задолжителни, а тогаш кога ви е потребно време за себе, не морате да трчате да му направите услуга некому. Понекогаш не е грев да одбиете нова обврска и едноставно да речете „не“.rn
Прилагодување на обврските
rnНе мора цел ден да парадирате низ градот. Сами одредете си ја дневната динамика, складирајќи ги обврските и потребите во определен дел од денот, задолжен за едното или за другото.
Често самите си наметнуваме обврски и правила кои нѐ гушат и ни ја цицаат енергијата. Не заборавајте дека вие управувате со сопствениот живот и со вашето време. Опуштете се со добра книга, но само ако уживате во тоа, во спротивно земете списание или едноставно не правете ништо. Не е страшно ако сте поминале некое време во безделничење – ритамот на животот си го диктирате самите. Пуштете музика, кренете ги нозете во вис, дозволете си чаша вино на пладне, искапете се во добра пенеста купка, разгалете се и опуштете се. Вие може да сте толку успешни, што би можеле со една наредба и планина да поместите, но пак ништо не сте направиле ако немате време со задоволство да уживате во вашето кафе и на раат да си читате Кафе пауза :)rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
