Најсмешните падови на модните писти

Најсмешните падови на модните писти

Незгоди можат да му се случат секому. Сите сме имале лош ден, сме се соочиле со незгодни ситуации и моменти кога сме посакале да се отвори земјата под нас и да нѐ голтне. Замислете дека сте успешен модел, носите облека од најновите модни колекции од познатите брендови, совршено ве средиле сите шминкери и фризери зад сцената, излегувате на модната писта гордо чекорејќи и бум, се сопнувате, се наоѓате на земја, се исправате барајќи рамнотежа и соочувајќи се со срамот кој ви се случил.

Најсмешните падови на модните писти

Дали за овие засрамувачки ситуации се виновни високите потпетици, неудобната облека, очилата за сонце, лошата осветленост или тремата која преовладала во моментот, не е ни важно. Она што е важно е дека овие девојки се храбри, некои се ослободуваат од џиновските потпетици, други пак, ги облекуваат повторно, но сите со насмевка знаат да ја исправат главата и да продолжат да чекорат. Сепак, тие се само луѓе.

Погледнете некои од  најлошите и најзасрамувачки падови, незгоди, сопки и непосакувани испади на модните писти…

Најсмешните падови на модните писти

И токму кога помисливте дека незгодите завршиле, тие се случуваат повторно. А во случај да се прашувате што се случува со девојката во 2.47. Таа е дел од модна ревија која тргнала навистина лошо поради револт кај дел од моделите.

Нели е ова најдолгиот пад во модната историја?

Во позадина оди „Clumsy“, а која би била посоодветна песна за целава ситуација? И секако, дел од ова видео се одлично подготвени модни ревии, пропратени со ненадејни протести против природното крзно.

Наоми е позната по својата темпераментност, а во неколку наврати и по нервозните испади врз нејзините асистентки. Што мислите, што се случило после оваа нејзина модна ревија? Не знам за вас, но јас би се обложила дека некој настрадал.

Можеби малку постари снимки, но сигурна сум дека тоа што облеката на моделите не е по најнова мода нема да ве спречи да се насмеете… а да, и машките модели можеле да изгубат рамнотежа. А кој е нивниот изговор, високите потпетици?



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Biba Reply

    hahaha, postarite snimki – PRICELESS :D:D:D:D

  2. Maci` Reply

    Hahahah ubavo me iznasmeavte 😀 Ama za greota se 😀 Zglobovite neznam….

  3. Свит Reply

    хахахахахахахаххахахаххахаха неможам да престанам 😀 😀

  4. eli Reply

    krajot go krasi deloto hahahahhahaha

Остави коментар