Најскапите слатки задоволства

Најскапите слатки задоволства

Список со најскапите десерти за „налудничаво“ богатите луѓе… За останатите, следуваат цени кои едноставно го убиваат апетитот. 🙂

1. Дијамантска овошна торта – Ова слатко искушение чини 1.650.000 долари. Дури и оние со најдлабоки џебови добро би размислиле дали да му одолеат. По целата торта се распрснати 223 мали дијаманти, кои секако остануваат кај страсниот љубител на слатки, кој голем дел од своето богатство ќе оддели за ова краткотрајно уживање. Освен дијамантите, останатиот дел од тортата се јаде. Овој екстремно скап десерт е идеја на слаткар од Токио. За да го подготви му требале цели шест месеци, по што го нарекол „Дијамантите: чудата на природата“ и точно на Божиќ го понудил на продажба.Најскапите слатки задоволства2. Најскапите јагоди на светот се на менито на ресторанот „Арно“ во францускиот дел на Њу Орлеанс. Нивната цена е 1.400.000 долари. За овие пари нема да вкусите ништо повеќе од една мала чинија јаготки, сервирани со слатка павлака и со нане. Но, ако погледнете убаво, меѓу овошјето се наоѓа и прстен со 4,7-каратен розов дијамант, кој бил во сопственост на Сер Ернест Касел, англиски кралски финансиски советник. Ова можеби ќе ги збуни вашите рецептори во устата и ќе ви предизвика чувство на најслаткото нешто што сте го вкусиле во животот. 🙂 Покрај овошниот десерт и скапоцениот прстен, добивате и вино од 24. 850 долари. Уживањето е заокружено со џез музика во живо.Најскапите слатки задоволства3. Платинеста торта од 130.000 долари – Во споредба со претходните десерти, овој може да се каже дека е „евтин“. Тортата е поросена со шеќер во прав и покриена со платинест накит, како синџирчиња за на врат, шпенадли, приврзоци, па дури и платинести лисја. Ја приготвил јапонскиот слаткар Нобу Икара и ја посветил на жените. Целта му била да ги убеди да носат платина. Но, очигледно не ги одвратил од нивните најверни пријатели – дијамантите. Икара не успеал да ги продаде ниту идејата, ниту тортата.Најскапите слатки задоволства4. Пудинг во стилизирано Фаберже велигденско јајце – Десертот е направен од четири видови најдобро белгиско чоколадо и од желе од шампањско. Украсен е со листови од злато и со двокаратен дијамант. Оваа чоколадна фантазија чини 30.000 долари. Заслужни се вештите раце на готвачот Марк Губерт од кантри хотелот „Линдет Хов“ во Виндермир, Кумбрија. Десертот го купил британскиот бизнисмен кој тргува со дијаманти, Карл Вајнингер.Најскапите слатки задоволства5. Скапоцено замрзнато чоколадо – Ова е малку поинаков десерт по форма. Ресторанот „Serendipity 3“ во Њујорк ви нуди слатко задоволство, за кое ветува дека никогаш нема да го заборавите. За 25.000 долари ќе се насладите со замрзнат спој на какао од 14 различни држави, млеко и 5 грама 24-каратно злато. Десертот е полеан со слатка павлака и поросен со парчиња тартуфо. Вкусниот деликатес се сервира во сад обложен со злато и украсен со дијаманти. Се јаде со златна лажичка, која можете да ја задржите. Тој некаде пред 2007 година, бил прогласен за најскап десерт во светот, со што тогаш си обезбедил место во Гинисовата книга на рекорди.Најскапите слатки задоволства6. „Тврдината на која ужива рибарот со патерица“ – Овој десерт можете да го вкусите во ресторанот „Galle“ во Шри Ланка, за „скромна“ сума од 14.500 долари. Направен е со златни ливчиња и компот од манго и калинки. Украсен е со 80-каратен полускапоцен камен аквамарин, кој е поставен врз чоколадната конструкција. Овој десерт не е баш најдобро прифатен меѓу богатите уживатели во слатките. Досега не е продаден ниту еден.Најскапите слатки задоволства7. Необична чоколадна торта – Овој специјалитет можете да го вкусите на источното крајбрежје во САД, се разбира ако сте подготвени да платите 1.000 долари. Десертот се продава во ресторанот „Brule“ во Атлантик Сити, Њу Џерси. Оваа торта се приготвува од темно чоколадо, покриено со италијански лешници. Заедно со слаткото искушение, клиентите добиваат и исклучително скапо португалско вино, ставено во кристален распрскувач.Најскапите слатки задоволства8. Ако некогаш посакате да го пробате вкусот на златото, тука е „Златната торта на султанот“ која се служи во хотелот „Ciragan Palace Kempinski“ во Истанбул. Таа содржи смокви, круши, кајсии, дуњи, кои претходно цели две години стоеле во Јамајкански рум. Сето тоа е полеано со ванила од Француска Полинезија, со карамела, црно тартуфо и лист од 24-каратно злато. Тортата се сервира на сребрена чинија со златен печат и чини 1.000 долари. За да се приготви, потребни се 72 часа. Се приготвува само по нарачка.Најскапите слатки задоволства9. Уште еден десерт на ресторанот Serendipity 3 во Њујорк… Станува збор за најскапата мелба на светот наречена „Златно богатство“. Овој десерт е приготвен во чест на 50-годишнината на ресторанот и се продава по цена од 1.000 долари. Содржи 5 лажици сладолед од таитска ванила, искомбинирана со мадагаскар-ванила, венецуелско чоколадо и лист од 23-каратно злато. Покрај ова, десертот е збогатен и со карамелизирани плодови, марципанови цреши и тартуфо. Сето тоа е поросено со најскапите чоколадни бонбони, a врвот на овој десерт го краси карамелизиран цвет. Заедно со мелбата добивате и мала стаклена чинија со црн кавијар, засладен со портокал, маракуја и армањак.  Десертот се јаде со 18-каратна златна лажица, во кристална чаша.Најскапите слатки задоволства10. Чоколадна Нока – Се работи за специјална серија чоколади од познатата компанија Нока. Ова е веројатно најскромниот десерт во списокот. Чини „само“ 854 долари. За овие пари добивате 450 грама десерт, кој содржи 75% различни видови какао од Еквадорот, Венецуела, Брегот на Слоновата Коска и од Тринидад.Најскапите слатки задоволства


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

  1. Ana Reply

    Za tie pari ke si vrabotam slatkar sto ke mi pravi najobicni cokoladni torti cel zivot 😀 realno.

Остави коментар