Куба е една од најомилените дестинации на оние туристи кои преферираат долги песочни плажи. Исто така, Куба е земја со најголем број олдтајмери, која ги примамува најбогатите колекционери на стари автомобили од целиот свет. Но, Куба е позната и по многу други работи. Подолу, дознајте зошто вреди да се посети Куба.rn
Че Гевара (Che Guevara)
rnКога ќе се спомене Куба, прво нешто на што помислуваме е легендарниот револуционер Че Гевара. Тој бил интелектуалец, герила водач, дипломат и воен теоретичар. Според магазинот „Time“, Че Гевара е прогласен за еден од 100-те највлијателни луѓе.rnrn
rn
Прекрасните сини песочни плажи
rnКуба со своите долги песочни плажи и водените површини со неверојатна сина боја, секоја година примамува милион туристи од целиот свет. Најголемото и најпознатото место Варадеро, го посетуваат 1 милион странски туристи годишно.rnrn
rn
Кубанските цигари
rnНајдобрите цигари се произведуваат во Куба. Затоа, не е ни чудно што Куба е една од нациите која најмногу пуши цигари. Кубанските цигари содржат минимум никотин и се изработени од хартија од ориз. При нивното создавање мора да се помине преку долг процес на прочистување.rnrn
rn
Популарните олдтајмери
rnВо Куба, за само 40 центи можете да се возите во Форд, Шевролет или друг американски автомобил кој е постар од вас, а можеби и од вашите родители. Во 1962 година, Америка ù забранува на Куба увоз и извоз на автомобили, па Кубанците, поради тоа што не можеле да ги одржуваат своите автомобили, морале ги „паркираат“ за некои подобри времиња. Поради тоа што се добро зачувани, овие автомобили претставуваат вистинско богатство за своите сопственици.rnrn
rn
Кубанската музика
rnКубанската музика како микс од шпанско и африканско потекло, е една од најпопуларните во светот. Во стилот на латино музиката, во Куба можете да заиграте во ритмите на конга, румба, салса, мамбо и ча-ча-ча.rnrn
rn
Нуклеарната криза во 1962
rnЗа време на студената војна помеѓу САД и СССР постојано доаѓало до тензии кои се заканувале да прераснат во нова светска војна. Еден од тие конфликти бил и Кубанската криза со нуклеарни проектили во 1962 година. Таа криза претставувала најблизок чекор до Трета светска војна. Но, благодарение на американскиот претседател Џон Кенеди и рускиот премиер Никита Крушчев, кризата беше надмината.rnrn
rn
Хавана
rnГлавниот град на Куба, Хавана, може да ве маѓепса со својата архитектура која датира од 16-тиот и 17-тиот век. Хавана е заштитен град на УНЕСКО од 1982 година.rnrn
rn
Мекдоналдс не постои
rnЗаради американското ембарго, во Куба нема да можете да најдете американски синџири на брза храна. Но, затоа Кубанците го имаат „El Rápido“, најпопуларното место за брза храна.rnrn
rn
Нема реклами
rnНа кубанските ТВ канали се рекламира само владата, со нејзините пропагандни програми.rnrn
rn
Ограничен пристап и цензура на интернетот
rnИнтернетот во Куба е строго ограничен. Жителите можат да го користат претежно од јавни места, по скапи тарифи, со слаби брзини и ограничено, само за пристап до имејл, Кубанската енциклопедија и до некои сајтови кои ја поддржуваат власта. Пристап до глобалниот интернет имаат само туристите и владините службеници, но и тој подлежи на цензура.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
