Сите сме слушнале за фобии како што се стравот од пајаци или стравот од височина, но што е со стравот од зеленчук или стравот од кинески стапчиња? Луѓето кои страдаат од фобии поврзани со храната, доживуваат екстремна вознемиреност секогаш кога ќе се соочат со нивниот предмет на страв, вклучувајќи напади на паника, неправилна работа на срцето, гадење и потење. Следниве необични фобии поврзани со храната не се сметаат како вистински фобии, но некои видови јадења може да предизвикаат разни екстремни ситуации.rnrn
rn
Акерофобија – страв од кисела храна
rnЗа некои луѓе, собирањето на устата предизвикано од цитрусни овошја, како што се лимоните, е невозможно да се издржи. Оние кои страдаат од акерофобија ја избегнуваат храната која содржи киселина.rnrn
rn
Алекторофобија – страв од пилешко
rnПознатата реченица „Има вкус на пилешко“ не им е омилена на оние кои страдаат од алекторофобија. Овие луѓе многу подобро ќе се чувствуваат доколку храната има вкус на говедско месо.rnrn
rn
Микофобија – страв од печурки
rnДодека многумина ги сметаат печурките за вкусно јадење, за луѓето кои страдаат од микофобија, печурките се само предмет кој им создава чувство на страв, гадење, па дури и останување без здив.rnrn
rn
Алиумфобија – страв од лук
rnЛуѓето кои се силно одбиени од мирисот и вкусот на лукот, по секоја цена избегнуваат сè што содржи лук, дури и кога се работи за стандарден песто сос.rnrn
rn
Карнофобија – страв од месо
rnДодека на вегетаријанците не им се допаѓа идејата за јадење месо, оние кои страдаат од карнофобија навистина се плашат од таа идеја. Овие луѓе едноставно не можат да поднесат месо во никаков облик.rn
Кибофобија или ситофобија – страв од јадење
rnЕдинствена утеха на луѓето кои страдаат од кибофобија се футуристичките таблети кои служат како замена за храна.rnrn
rn
Консекоталеофобија – страв од стапчиња за јадење
rnДолги, тенки и за некои навистина застрашувачки, стапчињата за јадење денес масовно се употребуваат. Но оние кои страдаат од консекоталеофобија, најдобро се снаоѓаат се нож и виљушка.rnrn
rn
Геумофобија – страв од вкус
rnВкусот доаѓа во сите облици, бои и големини, кога станува збор за храната. Луѓето кои страдаат од геумофобија не се плашат од храната, туку од вкусот. Нивната исхрана се состои од неутрални јадења кои немаат вкус, како што се обични тестенини и варени компири.rnrn
rn
Лачанофобија – страв од зеленчук
rnОваа фобија се појавила кај десетгодишно дете кое одбивало да јаде прокељ (мини зелки), со изговор дека страда од лачанофобија. Но, вистината е дека луѓето кои страдаат од оваа фобија, не избегнуваат само прокељ, туку секаков вид зеленчук.rn
Магеирокофобија – страв од готвење
rnДодека некои луѓе нарачуваат храна затоа што немаат време и енергија за готвење, оние кои страдаат од магеирокофобија го избегнуваат готвењето затоа што тоа им предизвикува силна вознемиреност. Можеби никогаш нема да станат готвачи, но барем можат да јадат што ќе посакаат.rnrn
rn
Остраконофобија – страв од морски ракчиња и школки
rnСпоред Американската фондација за астма, морската храна (посебно ракчињата и школките) се најчести предизвикувачи за алергии на храна, воопшто. Тоа е причината за настанување на оваа фобија.rnrn
rn
Фагофобија – страв од голтање
rnСтравот од голтање значително го отежнува процесот на јадење, но луѓето кои страдаат од фагофобија најчесто се сметаат како кибофобични или анорексични.rnrn
rn
Термофобија – страв од топла храна
rnЗа оние кои страдаат од термофобија, топлата храна звучи како страшен предлог.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
