Стилот на Витни Хјустон низ годините

Сподели

Автор: Елена Јошеска

Реклама

Поп-дивата Витни Хјустон ќе ја паметиме, не само по нејзиниот прекрасен вокал и безвремените хитови, туку и по нејзиниот стил, кој доживеа најразлични трансформации низ годините.

1965 година

Витни Хјустон беше американска пејачка, актерка, продуцент и модел. Својата кариера ја започнала многу рано, на единаесетгодишна возраст, пеејќи во црковниот хор во Њу Џерси. Подоцна, под покровителство на музичката компанија „Arista Records“, талентот на Витни Хјустон бил откриен пред светската јавност. Во текот на својата кариера, Хјустон објави седум студиски албуми и три филмски саундтрак-албуми со златен, платинест и дијамантски сертификат. Неколку пати се појави на филмското платно, од кои најпозната е нејзината улога во филмот „The Bodyguard“. Во 2009 година, Гинисовата книга на рекорди ја прогласи Витни Хјустон за најнаградуван женски изведувач на сите времиња, со вкупно 415 награди добиени во текот на нејзиниот живот.

1983 година, со Клајв Дејвис, продуцентот на „Arista Records“

На 11 февруари 2012 година, Витни Хјустон беше пронајдена мртва во нејзината соба во хотелот Беверли Хилтон во Беверли Хилс, Калифорнија, само еден ден пред доделувањето на Греми-наградите.

1986 година на хуманитарен концерт во Бостон
1987 година, со Дони Ворвик, братучетката на Витни и Сиси Хјустон, мајката на Витни Хјустон, по доделувањето на „Американските музички награди“
1988 година, на конференција во Њујорк
1992 година, на свадбата со Боби Браун
1994 година, со Боби Браун и нивната ќерка Боби во Њујорк
1994 година, на доделувањето на 21-те „Американски музички награди“ во Лос Анџелес
1997 година, со Боби Браун
1998 година, настап на наградите „Билборд“ во Лас Вегас
2000 година, настап на музичките награди MTV во Њујорк
2003 година, со Боби Браун на настап на „VH1 Divas“
2003 година, покрај реката Јордан
2004 година, семејна фотографија во Дизниленд, Калифорнија
2008 година, со Кевин Костнер
2008 година, со Реј Џеј во Лас Вегас
2009 година, на аеродром во Лос Анџелес
2010 година, на настап на Европската турнеја
2011 година, во хотелот Беверли Хилтон, во Беверли Хилс

2012 година, неколку дена пред да биде пронајдена мртва


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира