Љубовен астролошки профил за машки водолии
Водолијата е најкреативниот маж што некогаш сте го запознале. Без разлика дали работи како фотограф, артист или бизнисмен, тој ќе ве маѓепса инстантно со неговата имагинација, креативен ум и интересен стил на однесување. Неговиот уникатен поглед кон животот е многу фасцинантен и опоен. Додека разговарате со него, можете да го почувствувате она што тој го чувствува и ја замислувате јасно и колоритно целата приказна која тој ви ја прераскажува. Вие сметате дека неговата ексцентричност е многу слатка, а неговите ставови, добро промислени. Вашата водолија ве има освоено со само еден разговор и со една насмевка.
Понекогаш водолиите се на своја сопствена бранова должина, која на другите им е тешко да ја уловат. Неограничениот начин на размислување, исклучен од секакви бариери, е дифолт карактерна особина кај водолиите. Тој сака да ги истражи сите скриени можности кои реалноста му ги нуди. Потенцијалните партнери на водолијата може да го изгубат трпението уште пред да почнат врска со него или пак да се чувствуваат дека не можат да го разберат неговиот интелектуален начин на размислување. Доколку навистина ви значи некоја водолија, токму ова треба да го искористите во ваша полза. Кога ќе ја разберете неговата перцепција, ќе ја разберете и неговата брилијантност и уникатна привлечност.
Морате да сфатите дека водолијата припаѓа во категоријата воздушни знаци, а тоа значи дека овој маж е самостоен, независен и има слободен дух. Тој ја обожава сопствената слобода од која никогаш нема да му биде доволно. Тој сака да го истражува животот, да открива нови омилени хобија, нови интереси, нови пријателства… Но, само затоа што тој се чувствува слободен како птица, не значи дека е тешко да го освоите неговото срце. Тој е екстровертен и сака да се социјализира. Него не му пречи да биде помеѓу луѓе, да се дружи и да разговара со 15 души кои седат околу него на масата, но верувајте, доколку му се допаѓате, многу добро ќе ве забележи и вам и вие ќе го знаете тоа. Да, можеби на почетокот ќе ви биде малку тешко да го привлечете неговото внимание кон вас и да го заведете, но ако бидете потрпеливи и се потрудите повеќе, тој ќе биде ваш. Потребно е да бидете духовита, итра и по малку мистериозна за да го освоите неговото срце.
За да ја заведете вашата водолија, треба пред него да изгледате релаксирано и рамнодушно. Доколку сте наметливи и нападни со водолија, сами ќе го испровоцирате крајот на вашата врска. Ако прерано ги сфати вашите намери, никогаш нема да завршите во неговите прегратки. Овој маж гради униформни ставови во врска со секој аспект од неговиот живот, вклучително и со љубовниот, а размислувањето е она што тој умее да го прави најдобро.
Прво што треба да се потрудите, е да станете негов пријател. Бидете пријателката која се истакнува помеѓу останатите. Бидете онаа која вистински ги слуша неговите креативни мисли и онаа која верува во реализацијата на неговата следна идеја. Дружете се со него и заинтригирајте го со нови и интересни идеи. Одведете го на места на кои никогаш не сте биле претходно или доколку ви кажал нешто кое отсекогаш сакал да го направи, а никогаш не успеал, помогнете му да си го оствари сонот. Што и да правите со него, не заборавајте дека треба да останете природна онаква каква што сте. За него размислувањето е исто толку едноставно како што за останатите луѓе е дишењето. Тој ќе „ѕирне“ во вашиот мозок и ќе забележи веднаш доколку правите нешто само за да го задоволите него. Глумење нешто што не сте и очигледното наметнување, се особини со кои веднаш ќе го избркате, доколку тој ги забележи.
Кога ќе искусите нешто ново во животот, не плашете се да го споделите тоа искуство со него. Тој ќе сака да слушне сѐ од збор до збор. Водолиите обожаваат да муабетат и би дискутирале на секоја тема. Сериозно, со нив можете да зборувате за сѐ. Ниедна тема за претставниците на овој знак не е премногу табу или премногу болна. Ќе ве ценат уште повеќе доколку и вие се чувствувате слободни да разговарате со него за што било. Без разлика дали дискутирате за нешто убаво или неубаво, тој ќе има свој став во врска со темата, па и да не се согласува со вас, брзо ќе се согласи дека едноставно имате различно гледиште. Доколку му станете блиска пријателка, некоја која ќе игра значајна улога во неговиот живот, тој ќе сака да ги познава вашите ставови и размислувања и ќе сака да ве запознае што е можно повеќе. Колку повеќе успеете да му го покажете вашиот интелект и колку почесто разговарате, толку повеќе ќе ве смета за привлечна девојка.
Во кој степен ќе ве смета за привлечна девојка, ќе зависи од тоа колку се поклопувате на интелектуален план. Бидејќи водолијата постојано се потпира на својот интелект и логика, овој маж честопати е многу непредвидлив. Тој е флертувач по природа, така што најверојатно ќе ви биде тешко да констатирате дали навистина му се допаѓате како потенцијален партнер или само како другарка. Доколку му се допаѓате како девојка, нему нема да му претставува никаков проблем да ви ги покаже неговите чувства. Тој можеби ќе го иницира вашиот прв бакнеж или пак ќе ви каже дека сака да ве бакне. Тој сака работите во врската да се одвиваат по својот природен тек, па доколку физичката привлечност помеѓу вас двајца е очигледна, тој ќе сака уште на првиот состанок да биде интимен со вас. Сексот со машката водолија е ист како и самиот тој, непредвидлив и ослободувачки.
Сексуалниот однос со него треба да биде забавен и ведар. Нема потреба за излив на некои емоции кои може да се појават во текот на сексот. За него односот претставува активност во која и двајцата ќе уживате најмногу што можете и ќе дадете сѐ од себе да си ги задоволите вашите индивидуални сексуални апетити. Тој е самоуверен во врска со својата сексуалност и можеби ќе сака да експериментира со вас во спалната соба, па може ќе изрази желба да го зачини чинот со играње улоги или да проба различни секс-пози. За него поентата во сексот е да ужива и да направи и вие да уживате. Тој сака и вие да се чувствувате исто.
И покрај тоа што вашата врска се одвива во добра насока и сексот е најдобар во свет, постои веројатност дека ќе сакате да добиете повеќе од него. Работата е дека вашата водолија е најверојатно среќна со она што го има со вас во моментов. За него, пронаоѓањето партнер со кој може да биде пријател кој сексуално го задоволува и интелектуално го стимулира, е сѐ што може да посака на љубовен план. Да биде дел од романтично пријателство е сѐ што можеби ќе може да ви понуди извесен период. Бракот е многу чувствителна категорија, а тој не е чувствителен сам по себе. Некој ден во иднина, ако сфати дека е подготвен да го помине остатокот од животот со вас, ќе ве побара за жена.
Поминувањето време со овој маж, ќе ви биде пријатно исто како вдишувањето свеж планински воздух. Неговата креативност и имагинација се опојни. Неговиот уникатен поглед кон сите нешта во животот, е интригантен и стимулативен. Со него ќе се чувствувате пожива од кога било и вклопена во светот околу вас. Никогаш нема да помислите дека губите контрола врз вашиот живот. Напротив, ќе сметате дека сѐ повеќе растете интелектуално и станувате поквалитетна личност, со секој момент кој го поминувате со него. Сѐ што ќе правите со овој човек, ќе ви претставува ново искуство во животот. Уникатноста на вашите љубовни состаноци ќе се одржи и доколку врската стане сериозна, сѐ додека го следите неговиот чекор кон непознат правец. Тој ќе ви дозволи да си бидете своја и ќе ве задржи покрај себе, доколку и вие го направите истото за него.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
А за женски водолии? 😀
Точно е !
Znaci ova e celosno tocno.Golem pozdrav do onoj koj go napisal ova
a ke ima li za zenski vodolii???
Да, ќе има во текот на неделава
me interesira dali bi opstanala vrska pomegu vodolija i bik?
tocno e…. imav edna bas vakva vodolija :)))