Ако сè уште размислувате како да го прославите Денот на вљубените, можеби конечно ќе се одлучите откако ќе го слушнете музичкото видео на 25-годишниот Фридрик од Шведска. Во романтична атмосфера, во боите на љубовта, ова младо момче кое е познато по неговите вирални видеа на Јутјуб, снимило симпатичен 7-минутен микс од 21 љубовна песна, отсвирени на гитара. Едвај се забележуваат премините од една во друга мелодија.
Погледнете го видеото. Можеби и ќе ви се допадне идејата. Секако е подобра отколку класичните слатки во облик на срце. 🙂
Можете идејата да ја позајмите во целост, но ако случајно не ви оди со гитарата, пуштете ги оригиналните песни и слушајте ги во атмосферата која ја предлага Фридрик. Имајте убав празник.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

