Интересни дрвја со несекојдневен облик

Сподели

Автор: Боро Мирчески

Реклама

Природата дефинитивно може да направи неверојатни чуда. Таков е и случајот со овие дрвја кои природно, сами по себе или со умешноста и со мала помош од човековиот фактор, израснале во неверојатни светски атракции чии фотографии ги преплавуваат страниците од весниците и интернет порталите.Замислете дека сте тргнале на прошетка низ најблиската шума. Шетате неколку часови, уморот ве совладува и наеднаш пред вас се појавува вистинска фотелја направена од дрво. Сигурен сум дека никој нема да ја одмине, а да не седне на оваа природна фотелја и неколку минути да поужива во прекрасната глетка, земајќи здив од долгата прошетка.Уште поинтересна е ситуацијата кога додека се шетате низ шумата здогледувате некој чуден секси задник. Веднаш ќе помислите дека од долгата прошетка премногу сте се измориле и видот почнал да ви се мати! Не, тоа не е девојка, тоа е сепак само едно дрво, каде природата замешала прсти. А не заборавајте дека дрвото во дворот од вашиот дом може да послужи и за неколку намени, било да е тоа летна кујна или пак надворешен тоалет.

Дрвјата можат да бидат уште почудни, дури и волшебни, а погледнете ги и најчудните растенија во светот.rn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира