Карен Еланд е уникатен сликар која наместо со бои, своите дела ги изработува користејќи еспресо и вода. Нејзините слики најчесто се репродукции на најпознатите дела на големите сликари како Да Винчи, Ван Гог, Вистлер и многу други. Интересно е тоа што доколку на сликата има некоја личност, таа им додава шолја кафе во рака.rnrn
rn
„Сликањето со кафе е навистина уникатна уметничка форма. Бара внимателен и нежен пристап. Доловување на длабочината на овие класични дела е можно само преку бавен и софистициран процес на градење слој по слој од еспресо“ – вели таа.
rn
rnrnКарен започнала да се занимава со сликање на 14 години, а нешто подоцна кафето станал нејзин омилен пијалак. Откако го открила вкусот на еспресото, решила да ги спои своите две големи страсти, па започнала да слика користејќи само еспресо и вода. Денес, кога сака да се одмори од вообичаеното сликање со молив, маслени и водени бои, оди во продавницата за кафе каде што и работи, па така инспирирана од аромата на кафе, тивките разговори и звукот на мелењето на кафето, ги црта своите несекојдневни дела.rnrn








rnrnСо слична работа се занимава и Бразилецот Дирсеу Веига. Потсетете се на неговите уметнички дела насликани со кафе.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
