Претходно
Татко и две дечиња во „Депеш мод“ расположение
Датум: 31 јан 2012
Коментари: 0
Неодолива семејна преработка на хитот „Everything Counts“ од легендарниот состав Депеш Мод… Колумбиецот Дикен Шрејдер и неговите две дечиња Мила и Корбен, успеале да спакуваат одлично видео со семејна музичка едукација, креативност и релаксација, сè во едно.Нивната импровизација е за почит. Користат пластично шише од Кока-кола, клавијатура од 80-те години, ксилофон, дајре, тегла, флејта… Слушнете ги како звучат, нема да зажалите. Растураат. 🙂
Погледнете ги и нивните останати музички видеа со преработки на популарниот англиски бенд, објавени на Јутјуб.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.