Велигденскиот остров е изолиран остров во Полинезија, кој се наоѓа во југоисточниот дел на Пацификот. Политички, тој припаѓа на Чиле.rnrnОвој остров е познат по своите камени статуи наречени „моаи“, кои ги има околу 900, а се во форма на човечки глави со едноставни тела. Овие волшебни камени џинови биле изградени од народот Рапануи, кои биле жители на овој остров. Се смета дека овој народ исчезнал како резултат на преголемата експлоатација на нивниот мал остров. Друго објаснување за нивното изчезнување е поврзано со доаѓањето на болест од Европа.rnrnОстровот го добил името во 1722 година, кога холандски истражувач слетал на него токму на Велигден. Името на народот Рапануи пак, на полинезиски значи „Големиот Рапа“, што се однесува на еден друг остров во Пацификот кој се вика Рапа.rnrnДенес, Велигденскиот остров е под заштита на UNESCO и претставува честа дестинација за вљубените во историјата.







rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
