Магична, мистична, прекрасна се само дел од атрибутите кои Прага, главната престолнина на Република Чешка, со сигурност ги заслужува. Сместена во срцето на Европа, плени со својата специфична архитектонска традиција, а воедно претставува и значајна раскрсница на која се среќаваат уметници и научници од целиот свет. Како популарна туристичка дестинација, Прага со гордост го зазема шестото место на најпосетувани европски градови.rnrn
rnrnПрага можете да ја сретнете под различни синоними: Градот со 100-те врвови, Срцето на Европа, Мајка на градовите. Но, дали сте знаеле дека овој град е познат и како Златна Прага?rnrn
rnrnЕдна теорија поврзана со името Златна Прага, вели дека овој епитет ѝ е додаден за време на владеењето на чешкиот крал Чарлс IV, кога кулите на Прашкиот Замок биле покриени со злато.rnrn
rnrnДруга теорија за Златна Прага е поврзана со владеењето на Рудолф II, кој ангажирал алхемичари за да ги претворат обичните метали во златни.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
