Што ќе се случи ако им дадете 1.000 налепници на 1.000 дечиња?
Сте се запрашале некогаш што ќе се случи ако им дадете на вашите деца или внуци илјадници налепници и тотална слобода да прават со нив што сакаат? Ако ве интересира одговорот на ова прашање, тогаш морате да ги погледнете овие кул фотографии, направени во Галеријата на модерна уметност во Бризбејн, Квинсленд.
Артистката Yayoi Kusama уредила една просторија, во типичен австралиски стил, но го обоила сиот мебел и предмети во бела боја, за да биде собата во улога на една огромно платно за сликање. Потоа на најмладите посетители на музејот им биле дадени илјадници точкести налепници во различни бои и биле поканети да го преуредат просторот според нивни вкус. Секако, креативниот детски дух и овојпат си го направил своето. 🙂
Оваа интересна изложба т.н. „The Obliteration Room“ ќе биде отворена за посетителите до март, 2012 година.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
wooow ahaha kakva razlika 😀
Децата се најдобри уметници 🙂
kako stignaa decata da lepat stikeri na tavanot. ? bezveze e. ovde i postarite zamesale prsti.