Безвременски парчиња накит што секоја жена треба да ги поседува

Сподели

Автор: Ивана Грујоска

Реклама

Покрај чевлите и чантите, неизбежен дел од стилот на една жена која држи до себе е секако, накитот. Добриот и квалитетен (а притоа и безобразно скап) накит е еднакво привлечен како за жените, така и за мажите. Ако порано служел за заведување и за истакнување на општествениот статус, денес е задолжителен аксесоар, со којшто и во обична, неупадлива комбинација, може да направи да изгледате како милион долари. Еве ги четирите „must have“ парчиња:rn

1. Бисерни обетки

rnИако секогаш биле меѓу првите три места, сепак најголемата популарност ја доживуваат поради модната икона Одри Хепберн. Позитивната страна на бисерите е што секогаш изгледаат добро – без разлика дали ги носите во комбинација со фармерки и обична маичка или на елегантен коктел-фустан, со нив, секогаш оддавате доза на софистицираност.rn

2. Златни белегзии

rn

Не само што се забавни за носење, туку и го даваат оној светкав ефект што може да ја освежи целата ваша комбинација. Може да се одлучите за ориентален изглед (повеќе од една) или пак да преовладува едно солидно парче – добрата стара класика. Не мора дури ни да се од вистинско злато – и добра бижутерија би постигнала одличен ефект.

3. Срце-привезок

rnНеговата двојна намена е неодолива – покрај тоа што изгледа одлично без разлика дали е приврзан на ланче или пак на белегзија, во него може да си чувате фотографија од вашите најмили, за и кога сте далеку еден од друг, секогаш да ви бидат блиску до срцето.rn

4. Дијамантски прстен

rn

Светкав, бистар, со перфектен засек, дијамантот бил и ќе остане најдобриот пријател на жената. Комбинации има безброј и сите се неодоливи. Тука важи правилото колку поголем, толку подобар, но да бидеме реални, најпосакуван е сепак, вереничкиот.rn———————————————————————————————————————————————————————

rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира