Автор: Весна ЈовановскаrnrnВљубениците во серијалот „Војна на ѕвездите“ од неодамна добија можност утринското кафе да го пијат од неверојатната чаша-робот R2-D2. Оваа кул чаша за кафе можеби не препознава 50 команди како роботот R2-D2, но е висока 21,69 сантиметри, доволно широка да ја собере вашата дневна доза кафе и да ви го чува топло преку целиот ден.
Одлична е за на вашето работно биро. Ако случајно не сте љубители на кафето, а сакате да ја имате, тогаш користете ја за други топли напитоци. За жал, не можеме да кажеме дека евтино ќе ве чини и дека ќе може да ја најдете без проблем. Во предност се оние кои живеат во близина на Дизниленд, бидејќи таму се продава како сувенир по 11, 49 американски долари и доѓа заедно со чоколаден десерт. Очигледно роботите обожаваат чоколада. 🙂
Првата робот-чаша се појави на пазарот во Јапонија, а сега е присутна и во САД.rnrnМожеби ќе ве разочараме, но во моментов на интернет нема залихи од роботските чаши. Сите до една се распродадени.rnrnДодека да станат повторно достапни за купување, погледнете го ова слатко видео со танцувачки роботи, по чиј изглед е направена чашата R2-D2:rn
rnДодека чекаме технологијата да отиде до таму што роботи ќе ни го носат кафето, ќе се задоволиме со можноста да имаме по една ваква чаша. 🙂
rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
