Кога моливот ќе ја допре фотографијата…
Иако пред извесно време веќе бевме сведоци на оваа интересна техника, сепак решивме да направиме нова селекција од овие импресивни дела. Преку спојот на фотографијата и цртежот со молив во едно уметничко дело, белгискиот дизајнер Бен Хајне предизвика огромен интерес кај љубителите на уметноста. Тие никако да се заситат од оваа нова визуелна техника, која како правец Хајне ја воведе минатата година. Овие фотографии се дел од неговиот проект „Молив VS фотоапарат“.
Пораката на авторот е јасна. Секојдневните проблеми да ги ставите во сенка на желбите и на имагинацијата за поинакво и поубаво утре. Недвосмислено ја потенцира разликата меѓу реалноста и сонот, со тоа што цртежите му се црно-бели, а фотографиите изразено колоритни.
Во неговите „доцртани“ фотографии се испреплетуваат илузијата, реалното и надреализмот. Во фокусот се луѓето, природата, животните и архитектурата, а главните теми се љубовта, слободата, пријателството и задгробниот живот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Ова е многу надвор од контекст со текстов, но ме интересира што се случи со апликациите за работа во Кафе Пауза? Немам на кое друго место да ве прашам. Поздрав. 🙂
Здраво Waldorf 🙂
Откако го затворивме огласот, пуштивме известување дека процесот на селекција и известување на кандидатите ќе трае 2-3 недели. Овој временски период се должи на големиот број пријавени кандидати. До крајот на оваа недела, сите ќе бидете контактирани по имејл. Во текот на следната недела би бил финалниот избор на оние кои ќе го поминат и потесниот круг.
Поздрав