Совршена комбинација: „Мерцедес“ и „Дукати“
Кој не би ја посакал оваа моќна двојка? Компаниите „Дукати“ и „Мерцедес“ решија да сторат нешто посебно за нивните обожаватели пред крајот на оваа година, па за таа цел го искористија мото-шоуто во Болоња, каде што го открија својот нов феноменален проект.Од „Дукати“ го донесоа својот ѕвер, моделот „Streetfighter 848“, а од „Мерцедес“ елегантниот „SLK 55 AMG“. Двата модела обоени во жолта боја навистина ги воодушевија посетителите на настанот. Инспирирани од оригиналната боја на моделот на „Дукати“, од „Мерцедес“ се решени оваа боја да се најде на листата на опции достапни за купувачите на ова возило. Едноставно моќта и елеганцијата на двете возила примамува и тешко кој не би посакал да ги поседува во својата гаража.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.