Зошто во зима постојано ни се спие: Не сте мрзливи, телото навистина работи поинаку

Сподели

Будилникот ѕвони, а надвор е сè уште темно. Попладне, уште пред пет часот, повторно се стемнува, а очите сами се затвораат.

Реклама
Реклама

Ако во зима ви се спие повеќе од обично, не сте мрзливи. Телото навистина работи поинаку.

Реклама
Реклама

Темнината го зголемува хормонот на сонот

Мозокот го лачи мелатонинот, хормонот што нè подготвува за спиење, кога се стемнува.

Во зима денот е многу пократок, па мелатонинот се лачи порано и подолго. Затоа уште навечер се чувствуваме поспано, а наутро потешко се будиме.

Реклама

Помалку светлина, помалку енергија

Сончевата светлина наутро е знак за телото дека денот почнал. Кога ја нема, внатрешниот часовник се „поместува“ и цел ден се чувствуваме како да не сме се разбудиле.

На некои луѓе зимата им го расипува и расположението. Кога тоа трае со недели, лекарите го нарекуваат сезонско афективно растројство, познато како „зимска депресија“.

И начинот на живот придонесува

Во зима се движиме помалку, повеќе седиме дома и јадеме потешка храна. Сето тоа дополнително нè прави тешки и поспани.

Како да се разбудите

  • веднаш по будењето отворете ги завесите и вклучете силно светло
  • излезете надвор барем половина час преку ден, дури и кога е облачно
  • одете на спиење и станувајте во исто време, и за викенд
  • собата за спиење да биде проветрена и не премногу топла
  • не претерувајте со кафето попладне, за да не ви го расипе сонот навечер
  • движете се – и кратка прошетка го буди телото

Кога да се јавите на лекар

Ако сте постојано изморени и покрај доволно сон, проверете се. Зад таквата изморетост може да има анемија, проблем со тироидната жлезда или недостиг на витамин Д, а тоа се лесно открива со анализа на крвта.

Најново

Може ќе ве интересира