Зошто во зима ве „удира струја“ кога ќе фатите квака: Статичкиот електрицитет и како да се ослободите од него

Сподели

Ја фаќате кваката, вратата на автомобилот или се ракувате со некого и одеднаш чувствувате мал, но непријатен удар. Ако ви се чини дека тоа најчесто ви се случува во зима, во право сте.

Реклама
Реклама

Што всушност се случува

Станува збор за статички електрицитет. Кога одиме, кога се триеме од седиштето или кога го соблекуваме џемперот, нашето тело собира вишок електричен полнеж. Тој полнеж „чека“ да избега.

Реклама
Реклама

Штом ќе допреме метал, кој одлично спроведува струја, полнежот наеднаш се празни. Тоа е малата искра што ја чувствуваме, а понекогаш дури и ја гледаме во темница.

Зошто баш во зима

Во лето воздухот е повлажен, а влагата помага полнежот постепено да се празни, без да го забележиме. Во зима, особено во загреани простории, воздухот е многу сув. Тогаш полнежот се собира, а празнењето е нагло и болно.

Реклама

Придонесуваат и облеката и обувките. Синтетичките џемпери, полиестерот и гумените ѓонови собираат најмногу полнеж.

Дали е опасно

За да почувствувате удар, потребни се неколку илјади волти. Тоа звучи страшно, но струјата е многу слаба и трае делче од секунда. За здрав човек не е опасно, само е непријатно.

Внимателни треба да бидат на бензиските пумпи. Таму не влегувајте повторно во автомобилот додека точите гориво, а пред да го фатите пиштолот, допрете го металниот дел од каросеријата.

Како да ги избегнете ударите

  • допрете го металот со клуч или паричка, наместо со прсти; искрата ќе скокне на клучот, а нема да ја почувствувате
  • пред да излезете од колата, фатете го металниот раб на вратата и дури потоа спуштете ги нозете на земја
  • навлажнете го воздухот дома, со овлажнувач или со сад со вода покрај радијаторот
  • носете памук и волна наместо синтетика
  • користете омекнувач при перење, бидејќи го намалува статичкиот полнеж во облеката
  • мачкајте ги рацете со крема, бидејќи сувата кожа полесно собира полнеж

Малите „удари“ се дел од зимата, но со неколку ситни навики можете да ги сведете на минимум.

Најново

Може ќе ве интересира