(ВО ЖИВО) Фин: „Македонците се пофини со странци отколку со Македонци“ – зошто?

Сподели

Во петтата епизода од „Кафе со…“, на кафе со водителката Јана Спирковска во ZION, Фин – Германецот што дошол во Македонија и решил да остане – раскажува што го изненадило кај нас, што му недостига од дома и зошто мисли дека Македонците се пофини со странците отколку меѓу себе.

Реклама
Реклама

Свадба, а не Октоберфест

На брзите прашања Фин не размислува многу: македонска свадба пред Октоберфест, „сто посто“. Од Германија најмногу му недостига вурстот, но ајварот веќе го освоил, а ракија досега не пробал – алкохол воопшто не пие. Зборува и за македонските свадби, на кои првиот пат бил „во шок“, и за тоа колку се разликуваат од германските.

Реклама
Реклама

„Врските“, точноста и паркирањето

Со германскиот менталитет, вели, најтешко му било да сфати дека за многу работи прво се бараат „врски“. Во Германија е под притисок секогаш да стигне точно на време, а тука е порелаксирано – иако понекогаш, признава, тоа „го боли во срцето“. Во Македонија научил и да вози, па има што да каже и за сообраќајот и паркирањето во Скопје.

Гостопримството и пораката до Македонците

Разликата во гостопримството меѓу двете земји ја опишува како „огромна“, во корист на Македонија. Најчудно му е што луѓето постојано зборуваат на телефон, а кога би бил министер еден ден, прво би вовел големи казни за фрлање губре во реките. На крајот има една порака за Македонците – да бидат пофини и меѓу себе, исто како што се со странците. Целата епизода е во плеерот погоре.

Реклама
Реклама

„Кафе со…“ ви го носи Crispify. Емисијата ја поддржуваат Smart Invest Group и DIAS. Снимено во ZION. Продукција: Тараба Медиа и Прокам.

Епизодата ја овозможиСпонзор

← Сите епизоди на „Кафе со…“

Најново

Може ќе ве интересира