Утро без викање: Пет навики што го смируваат утрото пред училиште

Сподели

Будилникот ѕвони, децата не стануваат, појадокот е на пола, едната чорапа ја нема, а ранецот уште не е спакуван. Секое утро истата трка, со истиот завршеток – викање, нервоза и тресење на вратата. Многу родители го доживуваат утрото како најстресниот дел од денот. Но неколку мали навики можат многу да го сменат.

Реклама

1. Сè се подготвува вечерта

Облеката за утре, спакуваниот ранец, ужинката во фрижидер и обувките кај вратата. Секоја работа што ќе се направи навечер е една расправија помалку наутро.

Реклама

2. Будење десет минути порано

Десет минути делуваат малку, но тоа е разликата помеѓу трчање и мирен појадок. Будењето нека биде нежно – со светло, со прегратка, со омилена песна.

3. Список со слики

За помалите деца направете едноставен список со цртежи: станување, миење заби, облекување, појадок, ранец. Децата сакаат сами да штиклираат, а родителот не мора сто пати да повторува.

4. Едноставен појадок

Утрото не е време за готвење. Овесни снегулки, јогурт со овошје, сендвич подготвен вечерта. Важно е детето да јаде нешто, а не да биде совршено.

5. Убаво збогување

Колку и да било хаотично утрото, збогувањето нека биде топло. Една прегратка, „ти посакувам убав ден“ и насмевка. Тоа е она што детето го носи со себе во училиште.

Реклама

Кога и покрај сè е тешко

Ако детето постојано е премногу уморно наутро, проверете кога заспива. На децата на школска возраст им требаат помеѓу 9 и 12 часа сон. Понекогаш решението за утрото е во вечерта.

Совршени утра не постојат. Но мирните утра се можни – и тие се еден од најубавите подароци што можеме да им ги дадеме на децата пред да тргнат во светот.

Најново

Може ќе ве интересира