Кафе бар ТЕМПО во Скопје ја отвори новата сезона со „Cocktail Madness“ – настан посветен на љубителите на добри коктели, нови вкусови и опуштена атмосфера.

На 1 октомври, гостите имаа можност да го пробаат новото зимско коктел мени на ТЕМПО, подготвено од коктел мајсторот и бренд амбасадор Боби Сибиновски. Во фокусот на вечерта беа внимателно подготвените коктели, меѓу кои и комбинации со Bombay Sapphire, претставени во амбиент создаден за дружење и уживање.


Ново зимско коктел мени во ТЕМПО
„Cocktail Madness“ беше одличен повод посетителите да откријат поинакви комбинации и вкусови кои ќе бидат дел од понудата на ТЕМПО во претстојниот период. Наместо само класично вечерно излегување, идејата беше гостите да добијат мало коктел искуство – со интересна презентација, квалитетни пијалаци и пријатна атмосфера.

Кафе бар ТЕМПО се наоѓа на ул. „Никола Русински“ бр. 36 во скопската населба Лептокарија и во својата понуда ги спојува кафето, одбраните пијалаци и коктелите со релаксиран амбиент.

Со новото зимско мени, ТЕМПО дава уште една причина за собирање со друштвото и откривање нов омилен коктел оваа сезона.


