Скопје доживеа поинаква ноќ: вечер со Зоран Салопек во организација на Be#Next

Сподели

Што значи да се биде успешен и колку навистина се познаваме себеси? Со тие прашања започна вечерта со Зоран Салопек во Скопје, настан што психологијата, личниот развој и човечките односи ги спои во едно директно и лично искуство.

На 26 септември, во Музејот на македонската борба, Be#Next доведе пред скопската публика еден од препознатливите регионални автори на теми од психологијата. Салопек ја поведе салата низ размислувања за човечката природа, за начинот на кој го доживуваме светот и за механизмите што стојат зад нашите одлуки. Наместо академски, пристапот беше личен: како подобро да ги разбереме сопствените реакции, навики и амбиции.

Реклама

Успехот беше отворен од агол што оди подалеку од титули и материјални мерила. Стана збор за она што нè движи напред, за очекувањата што си ги поставуваме и за уверувањата што тивко го обликуваат животот што го градиме. Во таа слика место најдоа и љубовта, егото, вистината и сложеноста на односите меѓу луѓето.

Реклама

Најсилниот дел од вечерта беше директната размена со публиката. Присутните поставуваа прашања, а Салопек одговараше преку свои согледувања, отворајќи нови перспективи во самиот момент. Публиката не беше слушател, туку соговорник.

Домаќин на вечерта беше Георги Докузов, водител на NextGen Podcast и организатор на Be#Next настаните што произлегоа токму од подкастот. Тој е човекот зад серијата вечери по кои платформата стана препознатлива, а со непосредна комуникација ја водеше програмата и ја држеше атмосферата лична и отворена.

 

Вечерта со Зоран Салопек е дел од нешто поголемо.Be#Next застана зад 5 настани и над 1000 учесници, градејќи простор во кој идеите, средбите и разговорите значат колку и говорникот на сцена. Секој настан носи нова тема, нов гостин и нова причина дасе биде во салата.

Следната вечер со потпис на Be#Next доаѓа наскоро. Оние што ја пропуштија оваа веќе знаат што нема да го пропуштат следниот пат.

 

Најново

Може ќе ве интересира