Најдобрите фотографии на Ројтерс за 2011 година
На крајот од секоја година, новинската агенција Ројтерс прави селекција на најдобрите фотографии кои ги направиле нејзините вработени. Така и оваа 2011, тие направиле селекција на 100 моќни фотографии. Секоја од нив е посебна на свој начин и се одделува од останатите. Иако на повеќето од нив се прикажани катастрофални несреќи, војни, глад, сиромаштија и слично, сепак овие слики навистина вредат по 1.000 зборови. Од целосната листа ние направивме една наша мала селекција.

Маж се самозапалува пред банка во Солун, Грција, 16 септември

Жена плаче на улица во градот Натори уништен од земјотресот и цунамито, Јапонија, 13 Март

Човек се држи за стап, додека поставува пумпа за извлекување кал во примитивен рудник за злато, Панама, 17 февруари

Војници на САД во Авганистан, 12 јуни

Претседателот на САД, Барак Обама (втор од лево) и потпретседателот Џо Бајден (лево), заедно со членовите од националниот безбедносен тим, добиваат информации за мисијата за апсење на Осама Бин Ладен, 1 мај

Жена бунтовник пука во воздух со калашников AK-47 како реакција на веста за повлекувањето на силите на либискиот лидер Муамар Гадафи од градот Бенгхази, 19 март

Молњи околу облакот од вулканска пепел во близина на Интерлагос, Чиле, 5 јуни

Авион лета низ светлина во Њујорк, 10 септември

Здравствен работник со Ајпад снима трупови од крави во близина на границата помеѓу Кенија и Сомалија, 23 јули

Ентериерот во една зграда во напуштениот град Припјат во близина на нуклеарната централа Чернобил, Украина, 24 февруари

Рудар се качува по карпи, откако бушилицата го пробила и последниот сектор за тунелот под швајцарските Алпи, 23 март
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.