Damiano David, поранешниот фронтман на италијанскиот бенд Måneskin кој ја освои Евровизија, и американската актерка и пејачка Dove Cameron се венчаа во Италија.
Познатиот пар го кажа судбоносното „да“ на 24 септември во историското градско собрание во Монталчино, Тоскана, во интимна церемонија на која присуствувале семејството и блиските пријатели. Веста ја потврди PEOPLE.
За големиот ден, двајцата се одлучиле за несекојдневен, но елегантен изглед – наместо класична венчаница, Dove носела бел костум со нагласен струк, бела вратоврска и впечатлива наметка. Damiano, пак, бил во елегантен костум во крем нијанса, дополнет со свилен шал.
Парот пристигнал на церемонијата со винтиџ бел автомобил, а по излегувањето од градското собрание не го криеше расположението. Фотографиите од Тоскана ги прикажуваат младенците како се смеат, се прегрнуваат и разменуваат бакнеж пред фотографите.


Љубовта започна пред три години
Dove и Damiano првпат почнаа да предизвикуваат гласини за врска во 2023 година. Нивната романса стана јавна откако беа забележани заедно, а во февруари 2024 година официјално се појавија како пар на црвениот тепих на Pre-Grammy Gala на Clive Davis.
Во јануари оваа година, Dove ја сподели и веста за нивната свршувачка, објавувајќи фотографија на која го покажа вереничкиот прстен.
„Мојот омилен дел од тоа што сум жива“, напиша таа тогаш, честитајќи им на двајцата Нова година.

Од Евровизија до светската музичка сцена
Damiano David стана светски познат како вокал на Måneskin, бендот кој во 2021 година победи на Евровизија со песната „Zitti e buoni“. По успехот со групата, тој продолжи да гради и соло кариера.
Неговата врска со Dove Cameron со години го привлекува вниманието на јавноста, а сега двајцата направија уште еден голем чекор во нивната врска – стапија во брак во една од најпознатите романтични региони во Италија.
Свадбата во Тоскана беше релативно интимна, со фокус на најблиските луѓе, додека фотографиите од нивниот необичен бел стајлинг веќе го привлекоа вниманието на светските медиуми.



