Адел со навивачка маица за Ландо Норис го привлече вниманието на трката во Силверстоун

Сподели

Британската музичка ѕвезда Адел направи ретко јавно појавување на Големата награда на Велика Британија во Силверстоун, каде вниманието го привлече со опуштен изглед и јасна поддршка за возачот на Мекларен, Ландо Норис.

Реклама

Пејачката, која ретко присуствува на јавни настани и приватниот живот го држи далеку од медиумите, овој пат беше дел од атмосферата на еден од најпрестижните викенди во светот на Формула 1. Таа носеше навивачка маица посветена на Норис и тимот Мекларен, а стајлингот го заокружи со едноставен ланче со натпис „Mummy“, кое имаше и лично значење.

Реклама

Во разговор со Ландо Норис, Адел се осврна и на својата музичка кариера. Призна дека денес не пее толку често како порано, иако музиката останува важен дел од нејзиниот живот. Во еден опуштен момент, додека носеше слушалки наменети за комуникација во боксот, отпеа неколку стихови од хитот „…Baby One More Time“ на Бритни Спирс.

Пејачката повторно зборуваше и за славата, тема за која и претходно искрено говорела. Според неа, и понатаму ѝ е необично што токму пеењето станало нејзина професија, а најголем предизвик во кариерата и понатаму ѝ е животот под постојано внимание на јавноста.

Пред почетокот на трката, Адел го посети седиштето на Мекларен, каде разговараше со директорот на тимот Зак Браун, како и со возачите Ландо Норис и Оскар Пјастри.

Реклама

Таа откри дека интересот за Формула 1 се родил благодарение на нејзиниот син Анџело, кој се заинтересирал за картинг. Следејќи ја неговата страст, и самата почнала да го следи автомобилизмот, а со текот на времето станала голем љубител на овој спорт.

„Не познавам многу тинејџери кои имаат вистинска страст, па сакам максимално да го поддржам. Тој е опседнат со Формула 1, а сега и јас сум“, изјавила Адел, додавајќи дека никогаш не очекувала токму преку овој спорт толку да се зближи со својот син.

Таа нагласи дека заедничките интереси им помогнале да изградат уште посилна врска.

„Кога детето покажува вистински интерес за нешто, вреди да бидете дел од тоа. Не мислев дека ќе дојдеме до таму да расправаме кој возач е подобар, но токму тоа денес нè поврзува“, рекла пејачката.

На крајот, Адел призна дека отсекогаш верувала дека има добар слух за музика и дека еден ден можеби ќе открива нови таленти, но никогаш не претпоставувала дека токму таа ќе стане една од најголемите музички ѕвезди во светот. Сепак, и покрај огромниот успех, вели дека славата останува најтешкиот дел од нејзината кариера.

 

Најново

Може ќе ве интересира