Торонто е прогласен за најдобра светска дестинација за соло патувања

Сподели

Доколку планирате патување без друштво, Торонто оваа година се наметнува како најдобар избор. Според најновите анализи за туристичките трендови, најголемиот канадски град е прогласен за најдобра светска дестинација за соло патници, благодарение на својата безбедност, разновидност и богатата понуда на активности.

Реклама

Истражувањето покажува дека повеќе од половина од сите резервации за пешачки тури во Торонто биле направени од луѓе кои патувале сами, што го издвојува градот пред бројни светски метрополи.

Она што го прави Торонто посебно привлечен е неговата мултикултурна атмосфера. Посетителите можат да уживаат во познатите населби, музеи, уметнички галерии, паркови и крајбрежни зони, а градот важи и за една од најбезбедните урбани средини за независно истражување.

Реклама

На листата на најдобри градови за соло патување веднаш зад Торонто се најдоа Санта Ана во Ел Салвадор, Сао Паоло во Бразил, Тајпеј во Тајван и Куала Лумпур во Малезија. Интересно е што меѓу првите десет се најде и Скопје, кое го освои осмото место како сè попривлечна дестинација за патници кои сакаат сами да го истражуваат светот.

Експертите посочуваат дека интересот за соло патувањата постојано расте, особено кај помладите генерации, кои сè почесто избираат самостојно да откриваат нови дестинации, да стекнуваат нови искуства и да запознаваат различни култури.

Реклама

Без разлика дали станува збор за неколкудневен градски одмор или подолго патување, Торонто годинава се издвојува како град кој нуди сигурност, богата културна сцена и незаборавно искуство за секој што ќе одлучи да тргне на пат сам.

Најново

Може ќе ве интересира