Македонски јутјубер Поповиќ направи социјален експеримент: Како реагираат луѓето на насилство врз жена на јавно место во Скопје?

Сподели

Македонски јутјубер Поповиќ направи социјален експеримент: Како реагираат луѓето на насилство врз жена на јавно место во Скопје?

Реклама New Ways Of Travel

Македонскиот јутјубер Никола Поповиќ сними ново видео за својот јутјуб-канал, во кое направи социјален експеримент со цел да покаже како луѓето реагираат кога ќе се најдат сведоци на семејно и родово базирано насилство врз жена на јавно место.

Видеото беше снимено во соработка со Ивана од „Социјален компас“, а главната идеја на експериментот беше да се поттикне јавна дискусија за една сериозна и чувствителна тема – дали граѓаните би реагирале кога пред нив се случува насилство, или би одбрале да останат неми набљудувачи.

Реакциите на минувачите за многумина беа зачудувачки и отворија важни прашања за свеста, храброста и одговорноста на заедницата кога станува збор за заштита на жртвите на насилство.

Со овој предизвик, Никола и Ивана сакаа да испратат порака дека насилството не смее да се игнорира и дека секоја реакција може да биде важна, особено кога нечија безбедност е загрозена.

Погледнете како помина социјалниот експеримент и какви беа реакциите на луѓето:

Популарно

Може ќе ве интересира