Дали чаша вино на ден е добра за нашето здравје?
Чаша вино секоја вечер е добра за нашето здравје – мит или вистина? Лекарите тврдат дека дури и малото консумирање алкохол, како една чаша дневно, може да ја зголеми телесната тежина, што пак може да доведе до дијабетес тип 2.
Истражувањето, кое вклучило податоци од повеќе од 400.000 Британци, ја надополнува децениската дебата за штетите од умереното пиење.
Некои студии досега покажале дека секојдневното пиење може да спречи голем број на болести. Други тврделе дека дури и мало количество алкохол е опасно.
Според најновото истражување, со секој дополнителен пијалак, луѓето имаат 0,36 килограми повеќе масти и 10 проценти поголеми шанси да развијат дијабетес тип 2.
„Не е изненадување откритието дека оние кои пијат се подебели од оние што не пијат. Се надеваме дека нашето истражување ќе им помогне на луѓето да ги разберат ризиците поврзани со консумирањето алкохол. Сакаме да ја охрабриме општата популација да избира здрав начин на живот“, изјавува Кристофер Сноудон, од Институтот за економски прашања во Британија.
Откако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и кои се лековитите својства на греаното вино.
Извор: citymagazine.danas.rs