КАФЕ ПАУЗА

Изложеноста на организмот на овој метал може да го зголеми ризикот од појава на срцеви болести!

Изложеноста на организмот на овој метал може да го зголеми ризикот од појава на срцеви болести!

Постојано сме повеќе или помалку изложени на разноразни отрови, најмногу преку храната, но и преку водата за пиење, воздухот, прашината, како и разни производи и чадот од тутун.rnrnИзложеноста на организмот на овој метал може да го зголеми ризикот од појава на срцеви болести!rnrnОловото е отровен метал и е опасен по здравјето на луѓето, особено ако се консумира или се вдишуваат неговите испарувања.rnrnПроблемот е што природно е присутен во мали количини во почвата речиси насекаде.rnrnРезултатите од една неодамнешна студија откриле дека труењето со олово има многу поголемо влијание врз здравјето на светската популација отколку што се сметаше досега.rnrnОловото е одговорно за повеќе од пет милиони смртни случаи годишно и претставува сериозна опасност за човечкото здравје.rnrnИстражувачите, исто така, откриле дека изложеноста на токсичниот метал предизвикува малите деца во земјите во развој да губат речиси шест IQ поени во просек.rnrnВрз основа на резултатите, тие проценуваат дека 5,5 милиони возрасни лица починале од срцеви заболувања во 2019 година како резултат на изложеност на олово, од кои 90 проценти биле во земјите со низок и среден приход. Ова претставува околу 30 отсто од сите смртни случаи од кардиоваскуларни болести, водечка причина за смрт во светот.rnrnТоа значи дека изложеноста на олово може многу повеќе да го зголеми ризикот за срцеви заболувања од пушењето или холестеролот. Истражувањето, исто така, проценува дека децата на возраст под пет години изгубиле вкупно 765 милиони IQ поени ширум светот поради труење со олово во 2019 година, а дури 95 проценти од овие загуби се случиле во земјите во развој.rnrnПокрај тоа, студијата истражувала и многу други начини на кои оловото влијае на срцето, како што е стврднувањето на артериите, што може да доведе до мозочен удар.rnrnОткако прочитавте за најновите истражувања за влијанието на оловото, можеби ќе сакате да прочитате и кои 9 работи треба да престанете да ги правите ако сакате да ја спасите планетата.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs