Што ќе ни донесе полната Месечина во Риби на 31 август?
Ние го избираме патот по кој сакаме да одиме. Не можеме да останеме врзани за минатото, не можеме повеќе да чекориме по истиот пат и да паѓаме во исти или слични замки, ниту пак да се вртиме во круг и да се жалиме колку е тежок животот.
Можеме да го сфатиме животот како тешко патување, но што друго можеме да направиме за што полесно да поминеме низ животните лавиринти и да стигнеме до целта не исцрпени, туку задоволни?
Нема живот без сон, ниту сон без живот. Секој од нас ја има таа една голема желба, тој сон што сакаме да го оствариме и да го претвориме во реалност. И оваа алхемија раѓа нови можности, чувство дека знаеме, дека можеме, дека е можно. Чувството дека сме на вистинското место.
И затоа овие денови застанете за момент и размислете. Искористете го транзитот на Месечината во Риби на 31 август во 2:36 часот наутро и погледнете во вашето минато. Размислете по кој пат сте тргнале. Постигнавте многу досега. Паднавте и повторно се издигнавте. И заблагодарете му се на животот. Потоа погледнете каде сте сега. Како се чувствувате во моментов? Дали знаете кои се вашите следни чекори? Што е тоа што го посакувате?
Месечината во Риби ќе ви помогне да се ослободите од она што повеќе не ви служи и да го затворите стариот животен циклус. Оставете го минатото зад себе и насмевнете се во сегашниот момент.
Помогнете им на другите, но не заборавајте на вашите потреби. Најдете време за себе во овој свет каде се чини дека секој брза некаде. Влезете во тишината што има толку многу да ви каже.
Сатурн во близина на полната Месечина ќе ви укаже на нешто. Можеби некакво ограничување, ситуација од минатото, или нешто што е вредно. Сатурн ќе ве соочи со нешто суштинско. Ако изгубите нешто, пуштете го бидејќи не било ваше и заблагодарете се за искуството. Дали очекувате премногу или нешто што е невозможно? Сатурн ќе ви покаже.
Оваа полна Месечина има своја магија. Магијата на зацврстување на вербата дека можете да ги остварите вашите соништа и откривање на скриените нешта.
Дозволете таа магија да ви помогне да ја трансформирате сета болка. За почеток, седнете во мир и тишина. Дајте си простор и време да ги анализирате сопствените емоции.
За крај, не заборавајте дека секое искуство низ кое поминавте ќе ви биде корисно, без разлика на крајниот исход.
Откако прочитавте за влијанието на полната Месечина во Риби на 31 август, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае транзитот на Сонцето во Девица.
Извор: sensa.mondo.rs