По овие знаци ќе препознаете дали самите ја одложувате сопствената среќа или не!
Попузнатиот руски психолог, Михаил Лабковски, инспирира со неговите цитати за животот, љубовните врски и храброста да се живее животот. Неговиот совет е насочен и кон синдромот на „одложена среќа“ кој е присутен кај многу луѓе. „Ќе бидам среќен/а кога ќе ослабам; мојот живот ќе биде целосен кога ќе најдам партнер”; „мојот живот ќе биде одличен кога ќе ја променам работата”… Секој ден ја одложуваме среќата, наместо да се осврнеме на она што е реално, да станеме свесни за можностите и убавината што ја имаме моментално – сега и овде.
Психологот наведува пет причини зошто ја одложуваме среќата и нè советува како да се ослободиме од ова саботирачко ветување:
1. Навика да се размислува за лошото
Ова е приказна за чашата која е полупразна. Всушност, вие сте оние кои избирате да мислите дали чашата е полуполна или полупразна.
2. Приврзаност кон материјалното
Сè додека мислите дека среќата зависи од парите, витката линија, убавиот живот или големиот број следбеници, вие самите ѝ го блокирате патот во вашиот живот.
3. Незадоволството во вас
Лути сте на вашите родители, партнери, пријатели, колеги и генерално на сите околу нас. Несебично ги негувате овие поплаки и на тој начин го живеете животот на жртвата која е „толку несреќна“.
4. Завист
Ова е начин на кој несвесно ги „оцрнувате“ достигнувањата на другите. Заедно со зависта, пак, доаѓа и радоста за туѓите неуспеси. И двете покажуваат дека сте емоционално зависни од оние околу вас. Но, нивните успеси и грешки не треба никако да влијаат на вашиот живот.
5. Наоѓање причини да не бидете среќни
Тоа се случува несвесно, но постојано ви го одвлекува вниманието од нешто: настани во светот, туѓи одлуки и мислења и животни околности.
Откако ги прочитавте овие совети, можеби ќе сакате да прочитате и зошто мораме да научиме да ја прифаќаме тагата за да можеме повеќе да уживаме во среќата.
Извор: sensa.mondo.rs