Овие намирници ги согоруваат мастите додека спиете!

Овие намирници ги согоруваат мастите додека спиете!

Дали барате нешто што благотворно ќе влијае врз вашето здравје, а истовремено ќе ви помогне во борбата против вишокот килограми преку согорувањето масти додека спиете?

Овие намирници ги согоруваат мастите додека спиете!

Иако прејадувањето навечер не е пожелна опција, експертите се согласуваат дека не треба да легнувате гладни. Доколку се чувствувате гладни, можете да консумирате храна богата со протеини. Истражувањата покажале дека консумирањето 30 грама протеини приближно 30 минути пред спиење може позитивно да влијае на метаболизмот.

Ако не сте љубител на сирење, пак, не грижете се, има многу други протеински опции, од тофу, до тврдо варени јајца, па дури и грст бадеми. Ова ќе ве држи сити во текот на ноќта, додека храната ќе ви ја даде потребната енергија за зајакнување на метаболизмот и за согорување на мастите.

Бадемите и оревите се, исто така, одлични опции бидејќи содржат многу добри масти, а се и добар извор на протеини и витамини и минерали (витамин Е, селен, магнезиум).

Сепак, запомнете дека најважните работи се урамнотежената исхрана и физичката активност во текот на целата година. Експертите советуваат доволен внес на посни протеини, интегрални житарки и многу зеленчук кои ќе ве заситат, а истовремено ќе помогнат во борбата против килограмите.

Откако прочитавте кои намирници можат да ви помогнат да го намалите вишокот килограми, можеби ќе сакате да прочитате и кои намирници треба да ги избегнувате кога сте под стрес.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар