Полна Месечина во Водолија на 1 август: Што треба да манифестира секој знак за да си ги оствари желбите?

Полна Месечина во Водолија на 1 август: Што треба да манифестира секој знак за да си ги оствари желбите?

Што може секој од хороскопските знаци да манифестира за време на полната месечина на 1 август 2023 година? Еве ги препораките на астролозите!

Полна Месечина во Водолија на 1 август: Што треба да манифестира секој знак за да си ги оствари желбите?

Овен: нови почетоци

Премногу сте приврзани кон минатото, а тоа ги попречува новите почетоци. Време е да се збогувате со оној дел од себе кој повеќе не ви служи: лоши врски, болка и трауми. Така ќе можете да се движите кон подобар живот.

Бик: напредок во кариерата

Сега е можност да размислите што е тоа што ве кочи во кариерата. Дали верувате во себе? Дали имате доволно поддршка? Размислете за тоа како можете да постигнете поголем успех.

Близнаци: препуштете се

Полната месечина сака да се ослободите од притисокот на животот. Не се сомневајте во несекојдневните работи што ви се случуваат туку сфатете дека ги заслужувате и уживајте во нив.

Рак: трансформација

Оваа недела универзумот ве турка кон трансформација, и иако ви се чини тешка, таа ќе биде во склад со вашата суштина. Прифатете ја секоја промена со раширени раце и сфатете дека дури и предизвиците работат за вашето најголемо добро.

Лав: љубов

Како можете да привлечете повеќе љубов во вашиот живот? Како ја споделувате љубовта со саканите? Најдете начини да го отворите своето срце уште повеќе и да им понудите на себе и на другите почиста и автентична љубов.

Девица: отворен ум

Понекогаш вашите силни верувања го ограничуваат вашиот раст. Оваа полна месечина ве поттикнува да го отворите умот и да се потсетите дека не знаете сè. Бидете љубопитни и подготвени да прифатите ново знаење.

Вага: радост

Водолијата особено влијае врз вашата креативност. Затоа, овие денови ќе бидат совршен момент да најдете нови, креативни начини да внесете повеќе радост и среќа во вашиот живот.

Скорпија: ослободување

Време е да се ослободите од одредени нездрави врски. Не можете да им ставите крај на врските што ве повредуваат, на кариерата што не ве прави среќни? Сега е вашата шанса да се ослободите од сето она што ви стои на патот.

Стрелец: искреност

Понекогаш сакате премногу да им угодувате на другите, но сега е време да бидете искрени. Зборувајте за работите што ве повредуваат, покажете им го на луѓето вашето ранливо лице и бидете јасни во поставувањето граници во односите со другите.

Јарец: финансиска слобода

Каков е вашиот однос кон парите? Дали се плашите да трошите повеќе отколку што е потребно? Полната Месечина ве поттикнува да размислите како гледате на парите и да најдете начини да си дадете поголема финансиска слобода.

Водолија: светла иднина

Не дозволувајте болното минато да ве спречи да создадете исполнета иднина. Ослободете се од нешто што ви стои на патот и тргнете кон подобар живот. Вие го заслужувате тоа.

Риби: вистина

Понекогаш сте толку „расеани“ што не ги ни забележувате ставовите и ситуациите кои ве задржуваат. Сега е време да се соочите со вистината, да станете свесни за она што не функционира во моментов и да размислите како да ја истакнете вашата вистинска природа.

Откако прочитавте како најдобро да ја искористите енергијата на полната Месечина во Водолија на 1 август, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 цели треба да си ги постави секој хороскопски знак за посреќна 2023 година.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар