Неделен хороскоп од 31 јули до 6 август: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Неделен хороскоп од 31 јули до 6 август: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Не пропуштајте го хороскопот за оваа недела!

Неделен хороскоп од 31 јули до 6 август: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Овен

Љубов: Првиот дел од неделата ќе ви донесе некоја приватна фрустрација или пречка во љубовта. Издржете затоа што од средината на неделата започнува поповолен љубовен период, кога полека работите ќе си дојдат на свое место. Под услов да не ги присилувате.

Кариера: Ќе има подобрувања во вашата работна сфера. Сè уште нема да биде онака како што посакувате, но ќе биде сосема очигледно дека работите почнуваат да се смируваат. Во исто време, ќе почувствувате како ви се враќа силата.

Бик

Љубов: Уште неколку дена ќе имате чувство дека љубовта ве одминува, но од средината на неделата некои пречки едноставно ќе исчезнат. Од друга страна, ќе се појават предизвикувачки ситуации кога ќе бидете во позиција да го браните постигнатото.

Кариера: Ќе се интензивираат комуникациите и контактите со колегите од другите градови. Можно е и да патувате. Сè ќе ви ја зголеми самодовербата, па ќе бидете посветени докрај и ќе правите похрабри потези.

Близнаци

Љубов: Опуштеноста и лежерноста ќе ви бидат адут за успешно заведување на лица од спротивниот пол. Понекогаш ќе бидете недофатливи за другите. Сепак, љубовта веќе не е далеку.

Кариера: Оние кои искрено се преиспитале знаат што да прават и ќе одат во таа насока. Истото може да им донесе голем напредок и да отвори некои врати кои подоцна ќе се покажат како позначајни отколку што изгледаат сега.

Рак

Љубов: Оние кои сакаат ќе сакаат интензивно, а другата страна ќе возвраќа малку помалку интензивно. Како и да е, нека го прифатат тоа што го имаат, а слободните треба да бидат трпеливи бидејќи ништо не се случува преку ноќ.

Кариера: Веројатно ќе играте на сигурно, со оглед на неодамнешното искуство. Сепак, можете да се охрабрите да направите похрабри потези. Ништо не е толку тешко како што изгледа.

Лав

Љубов: Можеби ќе ви се причини дека љубовта одвреме-навреме излегува од контрола. Тоа ќе ве налути и растажи. Треба да разберете дека не е сè до вашиот пристап туку дека и другата страна има некои потреби.

Кариера: Нема да запоставите ниту еден детаљ, а вашата прецизност ќе биде ценета. Деновиве ќе имате можност да покажете колку сте оригинални.

Девица

Љубов: Малку е веројатно дека ќе се чувствувате осамено. Многумина ќе уживаат во вашето друштво, а вам ви останува да изберете мудро.

Кариера: Кога ви се чини дека не можете подобро, вие сте тие што ги убедува сите други околу вас дека можете. Тоа ќе го покажете и докажете деновиве. Држете се до она што сте го замислиле и спроведете го на дело без отстапување. Вашата храброст ќе донесе резултати.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар