Астролозите велат дека во текот на август нè очекуваат 4 денови полни со предизвици. Подгответе се за период во кој ќе има многу промени! Еве за кои датуми станува збор.rnrn
rn
1 август – Супермесечина
rnНа првиот ден од август нè очекува втората супермесечина во 2023 година, а таа ќе биде под влијание на знакот Водолија. Во тоа време, ќе биде многу потешко да се носат одлуки, а вниманието и меморијата исто така ќе се влошат. Луѓето кои се занимаваат со интелектуална работа би можеле да имаат големи проблеми. Можни се и тешкотии со креативните активности затоа што ќе преовладува меланхолично расположение.rn
13 август – спој на Сонцето и Венера
rnСпојот на Сонцето и Венера претставува опасен период бидејќи под негово влијание луѓето ќе почувствуваат голем одлив на сила. Со оглед на тоа дека Венера во тој момент ќе се движи ретроградно, можеме да кажеме дека денот ќе биде исклучително предизвикувачки и непредвидлив. Можни се многу силни промени во расположението, малаксаност, желба за лоши навики.rn
23 август – ретрограден Меркур
rnМеркур ќе го започне своето ретроградно движење на 23 август. Неговата ретроградна фаза ќе влијае негативно врз нашите долгорочни планови. Денот на самата транзиција, 23 август, ќе биде особено предизвикувачки. Може да очекуваме големи тешкотии во комуникацијата, на работа и во активностите поврзани со пари.rn
29 август – ретрограден Уран
rnРетроградниот Уран може да ни влијае доста неповолно. На овој ден може да се случат непредвидени работи, несреќи, а многу од нив ќе имаат силно влијание врз нас.rnrnОткако прочитавте кои ќе бидат најопасните датуми во август, можеби ќе сакате да прочитате и кои хороскопски знаци ги очекуваат големи животни пресврти во 2023 година.rnrnИзвор: atma.hr
