Не смеете да ги заборавите овие 4 работи секогаш кога се справувате со стрес!

Не смеете да ги заборавите овие 4 работи секогаш кога се справувате со стрес!

Според психолозите, овие четири работи можат значително да ја зголемат вашата способност за прилагодување на стресот. Кога ќе се најдете среде кризна ситуација, запомнете ја важноста на поддршката и смеата за полесно да го надминете стресот, но и да донесете подобри одлуки.

Не смеете да ги заборавите овие 4 работи секогаш кога се справувате со стрес!

1. Поддршка

Секогаш кога се чувствувате осамено, непријатно, напнато, барајте поддршка од блиските. Кога вербално ги изразувате своите чувства, нивниот интензитет се намалува, нема да ви пречат толку многу како кога ќе се затворите. Можете да се ослободите до одреден степен од непријатните чувства кога некој ве слуша и разбира.

2. Смеење

Многупати сте слушнале дека смеењето е здраво и позитивно влијае на психофизичкото здравје на една личност. Хуморот позитивно влијае на намалување на болката, го подобрува имунолошкиот систем, ја подобрува циркулацијата, ги подобрува меѓучовечките односи, предизвикува пријатни емоции и ја зголемува самодовербата. Кога се обидувате да погледнете на некоја стресна ситуација на смешен начин, преку хумор, почнувате да размислувате дека проблемот може да се реши, а тоа го намалува стресот. Одржувањето позитивен став кон животот, како и кон самите себе, ви дава сила полесно да ја прифатите новата ситуација.

3. Спорт

Вежбањето и физичката активност влијаат на одржувањето на рамнотежата во целиот организам. При активирањето на организмот се разградуваат многу штетни и се произведуваат здрави материи. За време на физичката активност се лачат супстанции кои влијаат врз вашето расположение, чувството на задоволство. Различни техники за релаксација можат да ви помогнат овде. Тие директно влијаат на физичките процеси во телото, кои се поврзани со стресот (тие ја релаксираат мускулната тензија). Релаксацијата започнува со заземање удобна положба на телото, што овозможува постепено опуштање на сите негови делови. Таа е проследена со контрола на дишењето, лесно вдишување преку нос, задржување на воздухот, а потоа подолго издишување преку устата. Повторете неколку минути, додека не почувствувате олеснување.

4. Сон

Свесни сте дека кога сте уморни и ненаспани, потешко ги поднесувате и најмалите непријатности. Основното правило е да ги задоволите сите физиолошки потреби за да бидеме поотпорни на сè што ве очекува во текот на денот. Освен тоа, за време на спиењето се обновуваат клетките, енергијата се обновува, ги полните батериите за да бидете продуктивни. Не заборавајте дека за нормално функционирање на организмот треба да спиете осум часа, да се храните здраво и да пиете доволно течности.

Откако прочитавте кои 4 работи можат да ви помогнат да се справите со стресот, можеби ќе сакате да прочитате и кои намирници треба да ги избегнувате кога сте под стрес.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар