КАФЕ ПАУЗА

Како ќе му влијае транзитот на Меркур во Лав на секој хороскопски знак до 27 јули?

Како ќе му влијае транзитот на Меркур во Лав на секој хороскопски знак до 27 август?

Меркур овој месец двапати ќе го промени знакот. Од 11-ти до 27-ми јули, ќе биде во прилично добра позиција во Лав, но астролозите забележуваат дека Меркур во Лав е донекаде непредвидлив. Подгответе се за тоа. Астролозите открија како тоа ќе влијае на хороскопските знаци и нивниот живот.rnrnКако ќе му влијае транзитот на Меркур во Лав на секој хороскопски знак до 27 август?rn

Овен

rnОвенот често се однесува каприциозно, но не можете да го обвинувате за тоа, бидејќи тоа е неговата огнена природа. Од 11-ти до 27-ми елементот оган ќе се почувствува уште посилно, но Меркур ќе ви помогне да го насочите во вистинската насока. Важно е на луѓето да им ја кажувате вистината, но најважно е да научите да си ја кажувате вистината на себе. Оваа планета најверојатно ќе ви помогне да се разберете себеси и да одговорите на најважните егзистенцијални прашања.rn

Бик

rnТреба да продолжите да дејствувате во вашиот вообичаен ритам, но потребно е сè повнимателно да набљудувате. Доста често ќе се појавуваат нови можности на патот, но ќе треба да се обидете да ги искористите. Ова ќе биде и одлично време да ја промените околината и да работите на вашиот изглед.rn

Близнаци

rnГо сакате животот и сакате да поминувате повеќе време на забава, но додека Меркур е во Лав, најдобро е да не заборавите да заштедите пари. Тоа не значи дека воопшто не можете да трошите пари. Треба само да се однесувате попаметно. Освен тоа, Меркур во Лав ќе ви помогне во купувањето и наоѓање стоки и услуги со големи попусти.rn

Рак

rnЌе го почувствувате влијанието на Меркур нешто помалку од останатите знаци на Зодијакот, но ќе останете на своето – во тоа нема сомнеж.Ако неодамна во врската се отворија љубовни триаголници, Меркур во Лав ќе ви помогне да ги „затворите“. Ништо нема да ве спречи да си ги анализирате докрај чувствата и да имате искрен разговор со сродната душа.rn

Лав

rnСо транзитот на Меркур во вашиот знак, ќе добиете многу корисни работи: мотивација, сила, харизма. Оваа енергија ќе ве направи попаметни, ќе ви даде издржливост и способност да најдете решенија за најтешките проблеми. Освен тоа, Меркур во Лав ќе ви помогне да се ослободите од илузиите, што е исклучително важно.rn

Девица

rnДевиците го сакаат силниот Меркур, без разлика во кој знак е, бидејќи тој е нивниот главен заштитник. Ќе станете подобри во секоја смисла – попаметни, харизматични, повнимателни, посилни како поединци. Почнува вашето време кога ќе можете да почнете да се занимавате со исклучително важни и одговорни работи.rn

Вага

rnВагите можат и треба да се вклучат во интроспекција. Меркур ќе ви помогне да разберете кои биле главните грешки во изминатите денови и недели. Во исто време, Меркур ќе ве научи да не одите во крајности, што е исто така исклучително важно за вас. Одвојте време за вас за да сфатите што треба да правите следно во животот.rn

Скорпија

rnПаметни, љубезни, мудри – сето тоа се зборови кои ќе ве опишуваат во следните две недели. Но, мора да размислувате сами, а исто така е многу разумно да ја прифатите туѓата помош, да игнорирате и да ги отфрлите од вашиот живот луѓето кои ја наметнуваат својата гледна точка, спречувајќи ве да ја развиете вашата визија за светот, судбината и животот.rn

Стрелец

rnВо овој период ќе стекнете нови корисни познанства, а наскоро ќе го видите и позитивниот резултат од вашите дела и проекти. Ова ќе биде период и на креативен подем за вас, само доколку не сте мрзеливи. Меркур нема да ви помогне да ја надминете мрзеливоста, но ќе ве насочи кон најмалку деструктивниот пат.rn

Јарец

rnЌе престанат да ви пречат еден куп лоши мисли, испровоцирани од Меркур во знакот Рак. Во Лав планетата ќе стане попозитивна. Така, ќе имате можност за напредок во работата, а ве очекува и среќа во љубовта. Ќе ви биде полесно да ги искажете своите мисли и чувства, што е многу добро, а и полесно ќе донесувате одлуки.rn

Водолија

rnТреба да внимавате на три работи: безделничење, очај и неактивност. Да, понекогаш сакате да се забавувате. Ова може и треба да се направи, но не треба да одите предалеку, забавувајќи се на сметка на финансиите и работата. Понекогаш пак, ќе се обесхрабрите, но нема ништо лошо во тоа сè додека се борите. Не откажувајте се од вашите цели и верувајте дека работите кога-тогаш ќе се средат.rn

Риби

rnЗа време на транзитот на Меркур низ знакот Лав, ќе имате неверојатно многу енергија за да се справите со сите предизвици. Ова ќе биде совршено време за работа, за да го направите вашиот живот подобар, попријатен. Најважно е да го правите она што го сакате. Треба да им се посветите на должностите, но и да ги правите оние работи кои навистина ви даваат задоволство.rnrnОткако прочитавте како ќе ни влијае транзитот на Меркур во Лав, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае транзитот на Марс во Девица до 27 август.rnrnИзвор: atma.hr