Неделен хороскоп од 10 до 16 јули: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Неделен хороскоп од 10 до 16 јули: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Не пропуштајте го хороскопот за оваа недела!

Неделен хороскоп од 10 до 16 јули: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Овен

Љубов: Незаинтересираноста за љубовта е резултат на тоа што премногу време им посветувате на вашите пријатели. Оние кои се во долги врски ќе забележат дека малку се дистанцирале поради друштвото. Ништо не ве спречува да се обидете и да се поврзете одново.

Кариера: Нема да бидете задоволни со приходите бидејќи мислите дека можете повеќе. Ограничувањата ќе дојдат поради надворешни околности и никој засега не може да ги забрза работите.

Бик

Љубов: Пред вас се нови љубовни можности, а некои од нив ве чекаат на доста необични места. Ве очекува вистинска летна љубовна авантура!

Кариера: Мечтаете за конкретни резултати, а тоа се оние кои ќе почнат да се појавуваат деновиве. Можеби нема да биде ништо сензационално, но ќе го препознаете фактот дека сте ја насочиле работата во вистинската насока.

Близнаци

Љубов: На моменти ќе ви се чини дека љубовта е на друга планета. Чувството на осаменост ќе се зголеми, но тоа нема да се одрази сериозно врз вашата врска. Најдобро е да се опкружите со позитивни луѓе или да ги игнорирате вашите грижи правејќи го она што го сакате.

Кариера: Работната атмосфера на работното место ќе се вжешти, а од вас ќе се очекува сè поголемо активирање. Бидете професионални и држете се до правилата на работата.

Рак

Љубов: Голем дел од слободното време ќе го поминувате во сосема обични активности, уживајќи во нечија наклонетост. Ќе ги цените малите нешта, а вашиот партнер ќе ви возврати подеднакво. Ќе бидете задоволни без големи желби.

Кариера: Времето е добро за внатрешна интроспекција и тивко истражување. Бидејќи секогаш им се посветувате максимално на другите, многу луѓе нема да ве препознаат кога ќе ве видат како тивко седите и посветено работите без многу разговори и врева.

Лав

Љубов: Ќе имате големи љубовни апетити, а мали можности. Сепак, ќе најдете рамнотежа и задоволство во односите со партнерот. Ќе споделите одредена фрустрација со пријател.

Кариера: Дозволете им на другите да се изразат и, доколку е потребно, да ве водат. Вие едноставно не можете да направите ништо сами во овој момент. Бидете разумни, трпеливи и верувајте дека подоцна сè ќе си дојде на свое место. Друг начин нема.

Девица

Љубов: Вашата љубовна приказна ќе продолжи и покрај вашите сомнежи. Понекогаш ќе бидете навистина збунети околу тоа што ви се случува, но реалноста ќе ви донесе задоволство. Ако сè уште ја барате вашата љубов, излегувајте почесто. Само не брзајте со вашите постапки.

Кариера: На повидок се конфликти со претпоставените. Затоа, не инсистирајте на вашите идеи, бидејќи сте во неповолна положба. Бидете разумни и толерантни.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар