Зошто во животот постојано наидувате на истите проблеми? Ова се причините!
Дали честопати се соочувате со истите проблеми во вашиот живот? Постојат предизвици на кои одново и одново се навраќате, како да сте заробени во маѓепсан круг од кој е тешко да се најде излез. Во такви моменти можеби дури и изгледа дека буквално ги „привлекувате“, но, всушност, често се работи за вашите мисли, перцепција и преземање или непреземање акција. Ова се најчестите навики кои придонесуваат за повторување на истите проблеми во вашиот живот одново и одново:
1. Постојано се жалите на проблемот, но не преземате акција
Доколку, на пример, на работа постојано се жалите за лошите односи или неповолната комуникација со шефот, добивате поддршката од околината и на тој начин сте поттикнати да зборувате не само за оваа негативна тема туку и за сите други негативни ситуации во вашиот живот. Сè додека постојано се жалите на вашите проблеми, без да дејствувате, нивниот број нема да престане да се намалува. Тоа најчесто ве дефокусира од проблемот и не ви помага да го најдете решението.
2. Опсесивни мисли
Колку повеќе се грижите за фактот дека има проблем, толку помалку време трошите фокусирајќи се на тоа како да го решите. Кога сте опседнати со некој проблем, емоциите ги блокираат вашите капацитети што може да ви помогнат да најдете решение. Гледајте филм, прошетајте, читајте книга, бидете креативни, најдете начин да се опуштите и да не размислувате постојано за проблемот. На тој начин многу полесно ќе дојдете до решение.
3. Негативно размислување
Нашите постапки можат да влијаат на нашата емоционална состојба, и обратно. Нашите постапки не само што го одразуваат она што го чувствуваме внатре, туку имаат и моќ да го променат. Промената на расположението ќе го промени нашето однесување и обратно. Значи, преку менувањето на нашето однесување, ние, всушност, го менуваме начинот на кој се однесуваме се проблемот, а потоа проблемот се манифестира поинаку во нашата реалност.
Откако прочитавте зошто во животот постојано се соочувате со истите проблеми, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 4 вистини кои ќе ви помогнат да ги надминете проблемите и предизвиците во животот.
Извор: sensa.mondo.rs