КАФЕ ПАУЗА

Како да престанете да ги апсорбирате туѓите емоции и енергии?

Како да престанете да ги апцорбирате туѓите емоции и енергии?

Written by

in

,

Дали лесно ги апсорбирате туѓите емоции? Дали нечии чувства лесно ви се „лепат“ на душата и секоја ситуација ја доживувате како да е своја? Ова е карактеристика на емпатите, луѓето кои лесно се соживуваат со другите. Емпатијата е прекрасна особина, но важно е да знаеме да ја контролираме за да се заштитиме од негативните влијанија.Како да престанете да ги апцорбирате туѓите емоции и енергии?rnrnЕве како да престанете да ја апсорбирате енергијата и емоциите на другите луѓе – обидете се со следната вежба од 4 чекори:rn

1. Во моментот кога ќе забележите силна емоција, обидете се да разберете како се чувствувате

rnАнализата на вашите емоции ви помага да го ставите вашиот ум во состојба на пауза, што може да ве натера да се оддалечите за миг од емоционалното искуство.rn

2. Запрашајте се дали емоциите што ги чувствувате се ваши, туѓи или комбинација од различни емоции

rnПонекогаш може да биде тешко да се разбере. Едноставна вежба која може да ви помогне во овој случај: замислете дека личноста пред вас е оптимистички настроена и дека нејзината душа е полна со позитивна енергија, а потоа фокусирајте се на себе и на сопственото искуство – обидете се да сфатите дали сè уште се чувствувате исто.rn

3. Фокусирајте се на сочувството

rnВо моментот кога ќе сфатите дека овие емоции не се ваши, наместо да дозволите емоциите да ве обземат, можете да направите нешто за да ѝ помогнете на личноста која страда.rn

4. Вратете ги емоциите на личноста од која сте ги зеле

rnОбидете се да си кажете: „Се ослободувам од оваа емоционална болка бидејќи не е моја“. Користете визуелизација за целосно да ги ослободите емоциите што сте ги презеле.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети, можеби ќе сакате да ги прочитате и нашите 10 совети кои ќе ви помогнат да ги контролирате негативните емоции.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs