КАФЕ ПАУЗА

Како ќе ни влијае транзитот на Марс во Лав до 10 јули?

Како ќе ни влијае транзитот на Марс во Лав до 10 јули?

Конечно заврши транзитот на Марс во Рак, каде што не можеше најдобро да ја изрази својата активна, храбра, јасна, директна, брза и креативна енергија. Емоциите на Ракот предизвикуваа премногу главоболки и неурамнотежени чувства кај овој силен машки воин.rnrnКако ќе ни влијае транзитот на Марс во Лав до 10 јули?rnrnОд 20 мај, пак, Марс го започна својот транзит низ знакот Лав кој ќе трае сè до 10 јули.rnrnЗнакот Лав е вистински машки знак, силен и огнен. Лавот е доволно добар сам по себе, нема потреба постојано да ја оценува сопствената вредност, затоа е самоуверен и горделив. Се разбира, тоа може да се претвори во прекумерен егоизам и самозадоволство, но во позитивна смисла преку свесноста за тоа кои сме и дека сме совршени онакви какви што сме.rnrnМарс во Лав ќе ни донесе многу позитивна енергија, ќе откриеме што сакаме и како да го постигнеме тоа. Нема да се задоволиме со ништо помалку од тоа. Ќе бидеме амбициозни, самоуверени, доминантни, решителни, огнени, страсни. Доколку ни недостасува некоја од овие квалитети, како и свесноста за сопствената вредност, ова е вистинско време да се поврземе со овие карактеристики и да ги пронајдеме во себе.rnrnЛавот е многу креативен знак и не сака да остане затскриен. Напротив, сака да биде во центарот на вниманието, за да може секој да види колку е голем и силен и што создал. Да не се срамиме од нашите постапки, проекти, зборови, достигнувања. Сега имаме можност да го покажеме сиот наш потенцијал и да бидеме во центарот на вниманието.rnrnЛавот е знак кој сака деца, забава, игри на среќа, хоби, па ќе имаме можност и да го разбудиме детето во нас.rnrnТранзитот на Марс низ Лав ќе биде најсреќен за Стрелците, Овенот, Вагата и Близнаците, а секако и за Лавовите. Оваа воинствена планета ќе им донесе најмногу неволји, кавги, борби за доминација и притисок на Бикот, Скорпијата и Водолијата.rnrnОткако прочитавте за влијанието на транзитот на Марс во Лав во следниот период, можеби ќе сакате да прочитате и кои ќе бидат 4-те најсреќни хороскопски знаци во јуни.rnrnИзвор: atma.hr